Дезодорансот што го чекаат 8000 луѓе

Од могули што самите себе се направиле могули, од нула: Кејти Стурино е основач на Мегабејб, компанија за производи за убавина што произведува инспирирана од табуата поврзани со женското тело. Блогерка на The 12ish Style и мајка на дури три кучиња со илјадници следачи на Инстаграм. Најновиот производ ѝ е Rosy Pits, и сè уште не може да се нарача.

Се работи за дезодоранс без алуминиум, алкохол и сода бикарбона, и се распродаде во првите осум минути откако излезе, за веднаш откако стигна новата набавка да се распродаде за три.

Има список на чекање, мислиш Биркин е.

Чудно е што има толкава фама за нешто што оди под мишки, но во негова одбрана, и според The Cut, производот совршено се совпаѓа во концептот на онлајн-присуството на Стурино - крупна блогерка, со силни ставови за body positivity, плус е симпатичен и пријатен начин да се решат проблемите со кои сите жени се соочуваат - особено периодов.

„Она што навистина се обидувам да го прикажам кај мене на Инстаграм е моето прифаќање на самата себе, прифаќање на себе каде и да се наоѓаш. Тоа е всушност Мегабејб,” објаснува Стурино. Прави производи како на пример, Thigh Rescue (Спас за бутови), што е баш стик „за сите чии бутови се допираат”.„Она што не ми е јасно е како компаниите што прават креми против целулит или стареење толку се трудат да поправат нешто што „не е добро” кај тебе, наместо да се трудат да ти биде удобно и лесно? Зошто тоа не е главна цел на производите за убавина?” Според Стурино, Мегабејб е основана да одговори токму на ова прашање. „Често слушам дека нè категоризираат како бренд за 'одредена публика', што решава 'одредени проблеми', како покрупните да се 'одредена група' а не мнозинство.”

Во моментов, Rosy Pits го чекаат 8000 луѓе.

16 август 2018 - 09:42