Од страв дека нејзината продавница може да ја одминуваат како премногу скапа, Рејмонд решава да се ребрендира за да привлече понова и помлада клиентела. Има цела серија на Смитсонијан каналот за ова, а конкретно во видеото подолу, нејзината екипа ѝ продава идеи за новата колекција на Дита фон Тиз, плус учиме малку историја: Џипси Роуз Ли, принцеза на бурлеската многу пред фон Тиз, имала три исти модели на фустани - златен, сребрен и црвен.
Црвениот никој не знае кај е (а којзнае колку е добар).
Сребрениот е кај Дита фон Тиз во плакар.
Златниот ќе си го купи сега.