Bookbox

Негативните очекувања можат да влијаат врз нашето здравје повеќе отколку што мислиме, па дури и да се пренесуваат, како да се заразни, од други луѓе. Податоците покажуваат дека ефектот на тн. ноцебо е во пораст, главно поради прекумерното информирање кај „доктор Четџипити“.

Филм на Уберто Пазолини - адаптација на митот за Одисеј, но само делот со враќањето. Иако ова фокусирање на финалето најпрвин делува како добра идеја, кастрењето на нарацијата за таа да личи на разрешување на модерна брачна криза - без богови и киклопи - всушност се покажува како голема утка, дури и со прекрасните Ралф Фајнс и Жилиет Бинош во кадарот.

Преку погледот на кучето – скриениот водич низ уметноста

Во својата нова книга, Томас Лакер нуди оригинален и инспиративен поглед на улогата на кучињата во западната уметност. Неговата идеја е едноставна, но длабока: кучето не е само украсен елемент во сликите, туку посредник меѓу делото и гледачот – фигура што нè воведува во сцената и ни помага да ја разбереме.

Орвел ја предвиде ВИ „помијата“

Вештачката интелигенција може да создава текстови, музика и слики со неверојатна леснотија, често во огромни количини и со минимален човечки придонес. Оваа појава, која сè почесто се нарекува „АΙ slop“ (ВИ помија), отвора прашања за квалитетот, вредноста и влијанието на ваквата содржина. Интересно е што уште во средината на 20 век Орвел замислил свет во кој машините автоматски произведуваат масовна култура за широките народни слоеви. Неговата визија денес изгледа не само актуелна, туку и вознемирувачки прецизна.

„Будалата“ што правел сè погрешно, а излегувал во ќар

Тимоти Декстер е една од најнеобичните фигури во американската историја: човек кој, и покрај тоа што бил речиси необразован и често предмет на потсмев, успеал да стане милионер, благодарение на одлуки што на сите други им изгледале целосно апсурдни.

Што значи кога „умот ти собира волна“?

Во постарата литература на англиски често се појавува израз кој денес не е во употреба, а кој означува активност со која радо би се занимавале, ако ни се овозможи раатот.

Koj рече дека турбофолкот не е поезија?

Студентка по политикологија и новинарство за време на пандемијата почнала да постира видеа во кои рецитира турбофолк хитови. Доволно е да ја смениш сценографијата, стајлингот на изведувачот и да фрлиш малку зачин од позадинска музика, па „Каква гуза“ да звучи како Мајаковски.

Букбокс гледаше: „Одмазда“ (2022)

Филм кој ве вози по жанровски кривини - почнува како „лајтерица“, комедија на забуни и сатира, за подоцна на моменти нагло да сврти во поинакви води, доволно кратко за да не оптовари, но и доволно јасно за да разоткрие силна социјална критика, особено кон поделбата на „градски деца“, растени на чиа и електрични велосипеди, и „провинцијалци“ кои се радуваат на хамбургер. Ама додека првите само го цитираат Чехов, вторите навистина го читале.

Пред клима уредите: ладалата како мода и политика

Во просторија без еркондишн и без промаја секогаш добро доаѓа тенко списание или флаерче за да се мафта со него и барем да се создава илузија на струење на воздух. Ретко кој со себе носи ладало, но тоа во минатото и не служело само за разладување, туку сигнализирало престиж и статус. 

Приказната за „Инает куќата“ во Босна

Денес е ресторан со традиционални босански специјалитети и со необично име. „Инает куќа“ навистина постои благодарејќи на инаетот на нејзиниот поранешен сопственик.

Кога библиотеките користеле Циклон-Б за дезинфекција на книгите

Од почетоците на јавниот библиотечен систем, јавниот и отворен пристап кон книгите предизвикувал страв и желба за прочистување на библиотечните полици и на читалните. Ова се однесувало не само на нештата што можат да ги нападнат книгите, туку и на социјално непожелните посетители во самата библиотека.

Против август

„Сè што си мислел да кажеш или да направиш сега постои во минато време: без оглед дали било кажано или не, дали било комплетирано или никогаш не ни почнало. Месецот функционира, признавам, како одличен изговор. Се тешам себеси и другите во врска со моите грешки и неуспеси, со ветувања за она што ќе се случи во септември“.

Од најновиот филм за Елвис: необичниот сленг на панаѓурските работници

„Елвис“ е нов биографски филм на Баз Лурман, кој го следи животот на кралот на рокeнролот од перспектива на неговиот менаџер, полковникот Том Паркер. Направен „стриповски“, со многу брзи монтажи и ефекти, но и со добра музика, тој содржи еден детал кој е малку тешко да се забележи - тајниот говор на панаѓурот, карневалот, циркусот.

Уморот влијае врз нашата вeликодушност

Дали ќе помогнеш на непознат со торби од пазар, ќе станеш на трудница во автобус или ќе донираш поголема сума во добротворни сврхи не зависело од тоа колку си во суштина љубезен и хуман. Туку од тоа колку си наспан и одморен.

Нацисти под пирамидите: соработниците на Хитлер кои нашле засолниште во Египет

По Втората светска војна голем број соработници на Хитлер нашле засолниште во Египет. Нова книга укажува на долготрајното влијание кое тие го вршеле во локалната и регионалната политика, заземајќи високи советнички места во тогашната влада. Пример е Ариберт Хајм, познат како „Доктор Смрт“ или „Касапот од Матхаузен“, кој ѝ избегал на правдата и живеел тивко во Каиро како муслиман, под името Тарек Хусеин Фаред до својата смрт во 1992. 

Зошто сакаме лута храна?

Еволутивните биолози сметаат дека човечката тенденција за јадење зачинето и луто е резултат на неопходност. Психолозите имаат малку поинакво толкување.

Букбокс на Македокс: „Нели и Надин“ (документарен, 2022)

Шведскиот режисер Магнус Гертен е фасциниран од архивски снимки од пристигнувањето во Малме на преживеани од германските логори од Втората светска војна. Ова е негов трет филм на оваа тема, обид за идентификување на анонимните ликови и нивните приказни. И тоа какви приказни!

„Градини на задоволството“: скандалозното потекло на забавните паркови

Биле како Вегас - она што се случувало во хедонистичките „Градини на задоволството“ од регентскиот период (1811-1820) во Британија, останувало во градините. Тие биле токму она што го најавува нивното име, место каде без оглед на строгите морални норми на тоа време можело да се ужива во темните ќошиња на парковите или да се пие до зори со припадници на други класи. Дури подоцна ова се трансформирало во тобогани, колички на судирање и други видови семејна забава.

Скулптура правена 50 години со 40 милиони долари

„Град“ е скулптурален проект во пустината Невада, кој е толку голем (во должина од 2,4 километри) и чие создавање трае толку долго (половина век) што неговото постоење долго време се сметаше за урбана легенда. На 2 септември тоа конечно ќе биде претставено на јавноста, иако тешко дека ќе има побарувачка за билет повеќе.

Нина Спирова во Чачак

Синан Гуџевиќ за првиот македонски збор кој го научил благодарејќи на Нина Спирова - „бакнеж“ - и за необичното хронолошко поклопување на една погрешна, лажна или само лошо разбрана вест со нејзината смрт, не во Чачак, туку во далечната Америка. 

Букбокс на Македокс: „Во близина“ (документарен, 2021)

​​Трогателен филм за стареењето, опаѓањето на физичките моќи и периодот од животот кога единствено што останува се спомените, натрупани во душата исто како што е натрупан станот на 91-годишните близначки, некогашни славни пијанистки.

Нова видео игра за последниот човечки работник на Земјата

Футуристичка сатира, „Последниот работник“ е игра во која треба да замислите што би правеле доколку сте последниот човек кој работи во кошмарна верзија на магацин на Амазон.

По финалето на „Подобро барај го Сол“ - разликата меѓу антихeрои и негативци

Секоја епизода од последната, шеста сезона на „Бетер кол Сол“ ја одбележувавме со домашно направени синамон ролс. Како на шпицата на Симпсонови, семејството седнуваше на тесниот тросед и во обредна тишина се следеа судбините на Сол и Ким, Гас и Лало, Мајкл и Начо. Се читаа анализи на скриените симболи и на наративните поврзувања со „Брејкинг бед“. Се печатеше „бинго“ ливче за тоа што ќе се случи, а некои сцени се враќаа по повеќе пати. Сега, кога заврши, иронично се тешиме: „Добро де, има и други добри серии за гледање“. Само никако да ни текне која.

Стотици писатели ќе читаат извадоци од делата на Ружди во знак на солидарност

Настанот се вика „Во поддршка на Салман“ (Stand With Salman), тој ќе се одржи во Њујорк, а е сличен на она заедничко читање на „Сатанските стихови“ кое се организираше кога беше прогласена фатвата во 1989, а на кое присуствуваа повеќе од 3000 луѓе.

Букбокс читанка: „Прстен“ од Андре Алексис

Со канадскиот автор со потекло од Тринидад и Тобаго, Андре Алексис, на македонски прв пат се запознавме преку неговата „Петнаесет кучиња“. Овој нов превод е дел од истиот циклус од пет романи, а во него се обработуваат темите на љубовта, светото наспроти световното и саможртвата.

Кодирани огласи во весници - пораки за патници и тајни љубовници во викторијанска Англија

Во средината на 19 век, во британските дневни весници од време на време се појавувале огласи кои делувале како бесмислици, или како словослагачот во печатницата да дошол на работа пијан. На криптолозите им требало долго време да откријат за што станувало збор: некои од нив биле пораки од семејството до конкретен патник и истражувач, а други очајни повици од тајни љубовници.

За академската мастурбација (буквално)

„Долго време се сомневав дека академското издаваштво не е заинтересирано за промовирање на најдобрите истражувања, направени од најдобрите и најумните мислители. Наместо тоа, тоа сега се состои од пријатели, колеги, подлизурковци и ласкавци, кои меѓусебно си ги чешаат за да добијат напредување или нови позиции“ - без влакна на академскиот јазик вака пишува Лиза МекКензи, британски етнограф и анархист, која се потпишува како „професор од работничката класа“.

Во Тирана ќе се гради облакодер во форма на Скендербег

Со својот специфичен „орловски“ нос и големата брада, албанскиот национален херој, Скендербег, често е присутен на улиците и плоштадите на Албанија (а по него е именуван и плоштад во Скопје). Kралот-воин висок повеќе од два метри, борец против Отоманските Турци, е славен преку бројни споменици и рељефи. Во Тирана сега се гради облакодер во форма на неговиот лик. 

Барајќи ја Дуња Јунис: заборавената либанска пејачка од албум на Брајан Ино и Дејвид Брн

Целата приказна личи на онаа од документарецот „Барајќи го Шугармен“. Во семпл искористен на албумот „Мојот живот во шумата со духови“ од 1981 се појавува глас на девојка која никогаш не го дознала овој факт, и покрај тоа што Ино и Брн коректно ги надоместиле авторските права на издавачот. 41 година подоцна работата се исправа.