Bookbox

Во време кога сè поголем број животински видови исчезнуваат поради човековото влијание и климатските промени, фотографот Џоел Сартори создава еден од најзначајните современи проекти посветени на природата. Неговиот Photo Ark (Фотоарка), кој годинава одбележува две децении постоење со поддршка на друштвото Нешнл Џиографик, има амбициозна, но едноставна цел – да се фотографира секој животински вид што живее во зоолошки градини, аквариуми и центри за заштита низ светот, пред да биде предоцна.

Сега некои од помладите ќе мислат дека нешто измислуваме и дека зборуваме за некој далечен, бушмански јазик. Всушност станува збор за израз кој „на времето“ (поранешна Југославија) често се среќаваше во стрипови и цртани на српско-хрватски. Но никогаш не сме се запрашале што значи.

Букбокс читанка: „Мотори и слатка трева“ од Дру Хајден Тејлор

Постојат книги што не се обидуваат да нè убедат дека светот е поедноставен отколку што е. Напротив, тие нè потсетуваат дека зад секојдневието можеби се крие нешто што одамна сме го заборавиле. Таков е овој роман на канадскиот писател Дру Хајден Тејлор – топла, духовита и мудра приказна во која реалноста и домородните легенди се испреплетуваат толку природно што на крајот човек почнува да се прашува дали навистина постои јасна граница меѓу нив.

Како е да си краставица?

Што ако интелигенцијата не е привилегија само на луѓето и животните со мозок? Што ако клетките, органите, па дури и едно растение имаат сопствен начин на „размислување“? Токму ваквите прашања ги поставува американскиот биолог Мајкл Левин – еден од најконтроверзните и највлијателните научници во областа на развојната биологија и регенеративната медицина. Неговите идеи предизвикуваат бурни дебати, но и отвораат сосема нови погледи кон животот, свеста и можностите на човечкото тело.

Кој е тој „слон во собата“?

Денес оваа фраза се користи во англискиот но и во други јазици кога зборуваме за очигледен проблем што сите го забележуваат, но никој не сака да го спомене. Сепак, малкумина знаат дека нејзините корени водат кон филозофски расправи, руска приказна и книжевност од 19 век.

Ралф Фајнс ќе ја режира својата прва опера

Актерот кој ја засакал класичната музика и балетот кога го снимал филмот „Белата чавка“, ќе раководи со нова продукција на опeрата на Чајковски, „Евгениј Онегин“.

Измамникот кој продавал лажни витешки титули (со добра намера)

Во сите времиња и во сите простори има луѓе кои сакаат брзо да се искачат на социјалната скала, без труд и заслуга. Исто така има луѓе кои знаат ова да го искористат. Нешто за своја полза, а нешто за поголема идеја на привлекување внимание кон важни прашања.

Нова графичка новела според „Њујоршка трилогија“ на Пол Остер

Во 1994, „Град од стакло“ на Остер беше адаптирана во графичка новела и веднаш стана култна класика, објавена во над 30 изданија во светот. Но тоа беше само првиот роман во трилогијата, а читателите со години чекаа на другите два. Сега ги добиваат сите во комплет.

Заборавената поќерка на Клод - Бланш Моне

Бланш Ошеде Моне била француска сликарка, истовремено и поќерка и снаа на многу пославниот Клод. Историјата на уметност до сега не ѝ го има дадено соодветното признание. 

Букбокс читанка: „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска

На 2 април, на отворањето на фестивалот „Видик“, се случи промоција на третиот роман за возрасни на Оливера Ќорвезироска. Ова е адаптираниот говор кој притоа беше одржан, во склоп со разговор со авторката и актерски интерпретации на делови од книгата. 

„Њујоркер“ полни 100 години

Луциден, софистициран, за начитани и исто толку софистицирани. Њујоркер пред еден век го внел сето ова во американското новинарство, станувајќи препознатлив по својот амблем од првата корица - чичкото со монокл кој гледа во пеперутка.

Грција не му дозволи на Јоргос Лантимос да снима на Акропол

Новиот филм на Лантимос, „Бугоња“, со Ема Стоун, Џеси Племонс и Алисија Силверстоун, треба да излезе во ноември 2025. Една сцена од него требаше да се снима на Акропол. Но поради „несоодветната симболика“ за еден ваков цивилизациски значаен споменик, властите во Атина го одбија.

Што е тоа „синдром на високи булки“?

Терминот бил популаризиран во Австралија и Нов Зеланд во 1980-тите и означува луѓе со забележителен јавен успех кои прекумерно си ги промовираат своите достигнувања. Критиката кон ваквите луѓе се нарекува „сечење“ на онаа булка која отскокнува од другите, но е многу постар израз кој има врска со еден тиранин.

Зошто старите Римјани престанале да читаат книги?

„Никој веќе не чита книги“. Без оглед колку вистина има во овој исказ, сигурно сте го слушнале често во последниве децении. Е, ама истото сте можеле да го слушнете и ако сте живееле во Рим во доцната антика. 

Жените кои служеле вино на бојните полиња

Вивандиерките се заборавени феминистички икони на француската армија. Нивното алтернативно име било „кантиниерки“, а ако ова ви асоцира на кантина - место кадешто се пие - тогаш сте на вистинскиот пат. 

Човекот кого Русија го заборави во вселената

Се викал Сергеј Константинович Крикалев, космонаут-ветеран со 803 денови, 9 часа и 39 минути во вселената. Сепак, неговото име најчесто се спомнува во контекст на неговата необична мисија од 1991, кога бил заглавен на небото над 300 денови поради распадот на СССР.

Кога кучето на Стајнбек му го изел ракописот за „Глувци и луѓе“

Прашањето беше поставено во новото издание на хрватскиот милионер. Ќе беше уште посмешно ако книга со таков наслов изеле глувци. Ама и вака пустиот Тоби стана славен.

Последниот предизвик на вештачката интелигенција - хуморот?

Смислата за хумор е тежок тест за ВИ. Нашите апарати нема вистински да бидат „паметни“ додека не научат како да нè насмеат. 

Забранетата песна за ќерката на еден генерал што се продала во 90.000 примероци

„Варвара саноќ седи на Глифада/лови морски лаврак и црн бранцин/Со јадицата в рака чека/ макарата да заврти“. Навидум безопасна песна за девојка што фаќа риба. Всушност, исмевање на ќерка на еден опасен политичар, во опасни времиња.

„Ако“ ден - кога Канада симулирала масовна инвазија на нацисти

Винипег, 1942. Армија „нацисти“ во холивудски костими го напаѓаат градот на -24 степени Целзиусови. И за неколку часа целосно го заземаат. 

Психопатите поинаку чувствуваат болка

Психопатологијата е поврзувана со убијци, озлогласени криминалци и вистински крими приказни кои доминираат во категориите документарци на стриминг платформите. Ново истражување покажува дека тие - психопатите - имаат сложен однос кон болката, што може делумно да биде одговорно за нивниот недостаток на емпатија.

Ботаниката и заборавената сексуална револуција

Опрашување, пчели и цветови. Денес ова се вообичаени метафори за секс. Токму поради ваквата природна асоцијација, дополнително промовирана како метафора за човечките интимни односи, имало времиња кога ботаничките проучувања биле сметани за толку контроверзни што биле цензурирани - за жените. 

Зошто не веруваме во неидентификувани летачки објекти? 

Верувањето во НЛО долго време сигнализираше некаков проблем со оној што промовира вакви идеи. Но во последно време нештата како да омекнуваат. Дури и НАСА покажува зголемен интерес во феноменот. Сепак, тврдењето дека постојат вонземјани кои не' надлетуваат се уште главно е дочекано со скептицизам, па дури и со обвинувања за благо лудило. Зошто?

Прстен кој преведува знаковен јазик во текст

Звучи како нешто од старите научно-фантастични серии. Но станува збор за нов изум - апаратче кое може да ја подобри комуникацијата со оние кои имаат проблеми со говорот и слухот. 

Монголската принцеза која ги предизвикувала своите додворувачи на боречки меч

Во голем број бајки од различни култури во светот, таткото кој не се согласува со изборот на зетот или клетва фрлена од вештерка ја спречува принцезата да си го најде шармантниот принц. Но нештата биле малку поразлични во Монголија во 13 век.

Скриената моќ на прашањата на кои нема одговор

Што е тоа прашање? Една тесна дефиниција вели дека тоа е чин на трагање по информации. Но голем број филозофски и духовни традиции сугерираат дека прашањата се нешто подлабоко - начин на отворање на умот, а не само на негово полнење. 

„Тезата на Ниче“ или колку се лажеме дека не нè лажат

Идејата за „епистемичка будност“ вели дека луѓето се природно обучени да детектираат лаги и да проценуваат колку можат да се потпрат на зборот на другиет. Но има и филозофи кои велат дека луѓето не се до толку прецизни детектори на лага како што се мисли.

Заборавената уметност на истражувањето од мерак

Во фрагментираниот ментален пејзаж, не ни требаат само дијагнози туку и рецепти. Како можеме да ги обновиме темелите на културата кога нашите опсези на внимание се компромитирани? Одговорот можеби лежи во повторното откривање на древното разбирање на слободното време - не како денгубење, туку како облик на насочена контемплација.