Текст на древен свиток папирус, пронајден во пепелта под Везув, содржи претходно непознат наратив, кој опишува како старогрчкиот филозоф Платон ја поминал својата последна ноќ - слушајќи музика која ја изведувала на флејта робинка, по потекло Тракијка.
И покрај тоа што се борел со треска и бил на работ на смртта, ученикот на Сократ и менторот на Аристотел, кој починал во Атина околу 348-мата пред наша ера, сепак бил доволно луциден за да ја критикува изведбата на музичарката, поради нејзиниот лош ритам.
Декодираните зборови на документот сугерираат дека гробот на Платон е во неговата градина на Атинската академија, еден од првите универзитети во светот, чиј основач е токму тој. Претходно се знаеше само воопштено, дека бил погребан во склоп на академијата.
При презентирањето на истражувачките резултати во Националната библиотека на Неапол, професор Грацијано Раночиј од Универзитетот во Пиза, кој го раководел тимот кој го пронашол јагленосаниот свиток, го опишал наодот како „неверојатно збогатување на нашето разбирање на древната историја“. Ова се случува благодарение на најнапредните дијагностички техники за дешифрирање на слики, кои овозможиле да станат читливи делови од текстот кои претходно не биле такви.
Текстот исто така открива дека Платон бил продаден како роб на островот Егина или кратко време по починувањето на Сократ, во 399-та. Ова е спротивно на она во што до сега се веруваше, дека Платон бил продаден во 387-ма во текот на неговото патување на Сицилија, на дворот на Дионисие Први од Сиракуза.
Свитокот е зачуван во велелепна вила во Херкуланеум, древен град крај морето блиску до Помпеја и откриен во 1750. Се верува дека му припаѓал на дедото (од жена) на Јулие Цезар. Археолозите го споредуваат влијанието на ерупцијата на Везув врз Херкуланеум со она кое атомската бомба го имала врз Хирошима во текот на Втората светска војна.