Во 1993, Стив Албини веќе бил познат по својот продуцентски стил, кој постигнувал минималистички, динамички и „сирови“ звуци на албумите на кои работел.
Кога Нирвана се решиле да работат на нивниот албум „Ин утеро“, кој ќе излезе нивен последен, го побарале за да ги насочи некаде подалеку од звукот кои го имал нивниот претходен албум „Невермајнд“, со кој успеаа да се пробијат на светската сцена, на кој работеле со Буч Виг.
Како знак на почит, но и во негов познат стил, Албини им испратил одговор од куцан текст на четири страници, кое сега, по неговата смрт на 61 година од срцев удар на 7 мај, се чита како негов тестамент.
Еве два извадока од него (целото тука):
„Мене единствено ме интересира работа на албуми кои легитимно ја рефлектираат сопствената перцепција на бендот за неговата музика и постоење. Ако му се посветите на ова како на принцип на методологијата на снимање, тогаш навистина ќе се окозам од работа за вас. Ќе трчкам околу вас во кругови. Ќе ви ја удирам главата со хебла....
Имам работено на стотици албуми (некои одлични, некои добри, други ужасни, голем број од нив за во ѓубре) и ја имам увидено директната врска помеѓу квалитетот на крајниот резултат и на расположението на бендот во текот на процесот. Ако албумот се снима долго време, сите се исцедени и го доведуваат во прашање секој чекор, тогаш снимките нема да личат на тоа како звучи бендот во живо и нема да биде добар. Снимањето панк албуми дефинитивно е пример за тоа дека повеќе 'работа' не значи подобар резултат. Сигурно веќе го знаете ова и ја цените мојата логика.“
Во долното видео Дејв Грол, Крист Новеселич и Стив Албини го дискутираат писмото, по кое навистина дошло до соработката која го изнедрила легендарниот албум.