Републиканскиот сенатор Ник Шроер на крајот на јануари оваа година предложил државата Мисури да прифати амандман според кој политичарите во неа ќе можат физички да се пресметуваат едни со други. Тој гласи:
„Ако честа на еден сенатор е нарушена од друг сенатор до точка од која нема враќање, а со цел навредениот сенатор да добие компензација, тој може да го предизвика својот опонент на двобој“.
Следат и поголем број детали за начинот на кој може ова да се направи, најпрвин со писмено обраќање, а потоа и со избор на конкретно оружје. Има и дел кој звучи филмски: „Дуелот ќе се одржи на високо пладне“.
Доколку се изгласа, овој амандман ќе воведе ново поглавје во долгата и крвава историја на двобоите во американската политичка историја.
Иако оваа традиција потекнува од Европа, со доаѓањето на Европејците во Северна Америка ваквиот обичај допатувал со нив. Најпознатиот политички двобој во американската историја била помеѓу потпретседателот Аарон Бур и Министерот за финансии Александар Хамилтон. Опишан во познатиот мјузикл „Хамилтон“, дуелот бил кулминација на долготрајно ривалство. Бур го ранил Хамилтон во стомакот и овој починал следниот ден.
Бидејќи одбивањето дуел било сметано за уште попонижувачко отколку самата борба, повеќето мажи не се мислеле два пати да го ризикуваат својот живот. Редок исклучок бил случајот од 1842, кога младиот Абрахам Линколн му се извинил на колега-политичар кого го нарекол „смрдлив, будалест лажго“ во колумна во весник. Да се решел за дуел, Линколн можеби ќе погинел и никогаш не би станал претседател.
Види претходно:
Последниот двобој во Франција бил меѓу двајца политичари
Големиот двобој со затруени колбаси кој за малку ќе се случел