Bookbox

Навидум ништо посебно - зеленикава мувла заштитена под стакло. Ама тоа е посебен примерок на габа која довела до откритието на пеницилинот, а наскоро ќе биде на продажба. 

Во 2022 уметник поднесува своја слика на уметнички саем. Сликата добива прва награда. Ама до денес авторот не може да ја регистрира како сопствено дело, бидејќи таа е генерирана со помош на ВИ. Во тек е судски спор кој може да ја определи иднината на толкувањето на тоа до каде е автор човекот, а од каде машина.

Како тоа видеотеките изумреа, а книжарниците (фала богу) не?

Кога се појавија компјутерите, таблетите и мобилните, ретко кој продолжи да користи роковници и нотеси. Претходно зајмевме филмови од видеотеки, а сега низ светот нив ги има во многу мал број, само за носталгични „н'рдови“. Сите сакаат пристап до содржини со еден клик. Логично на сето ова - како и зошто опстануваат книжарниците?

Необичното значење на зборот „бруцош“

Вчера, 1 октомври, се одржа првиот академски час за студентите од прва година. Еден термин кој вообичаено се користи за нив има интересно потекло.

„Ја викам чистачката на ракија“: работниот ден на еден писател

Во некогашното југословенско списание „Чик“ постоела рубрика во која писателите си го опишувале својот работен ден. Под необичен наслов „Живот меѓу обичните луѓе“ (значи писателите се необични?), својата саатница ја споделил Бранко Ќопиќ.

Како ги научивме машините да дишат наместо нас?

Денес основите на човечката респирација и метаболизам делуваат очигледни, а исто така здраво за готово се земаат и вентилаторите и респираторите на кои дишат оние кои имаат проблем со природното дишење. Но имало времиња кога неспособноста на телото да земе здив било неразбирливо, неизлечиво и фатално.

Фанови на хорор филмови се психолошки поотпорни на последиците на пандемијата

Некако има логика. Толку стравови и ужаси си видел на филм што си создал „имунитет“ на страв. Пандемијата во однос на сцени од Kрипшоу (1, 2 и 3) изгледа како Дизни.

Љубовната приказна на Франц и Бајазид

Баронот Франц Нопча фон Фелше-Шилвас бил унгарски авантурист, палеонтолог, албанолог. Бајазид Елмаз Дода бил албански етнограф и фотограф. Нивната крајно интересна а трагична приказна е материјал за роман, кој не е напишан. Но и на документарец кој е направен во 2016.

Збогум Данило

Веста за смртта на Данило Коцевски нè затече. Мислевме дека засекогаш ќе го гледаме ликот кој изгледаше како да не старее, со препознатливиот шешир и брадата која со годините само малку побеле. Не беше родум од Скопје, но Скопје му должи, за вниманието со кое ги бележеше и раскажуваше неговите приказни.

Француски филозоф се откажа од синот поради неговиот автобиографски роман

Иако претходно синот, исто така филозоф, му ја презел и љубовницата, таткото му го простил тоа. Ама неодамна излезениот автобиографски роман ја прелеал чашата.

Британците загрижени што нивните деца зборуваат „јутјуб“ англиски

Едно време разликата помеѓу британскиот и американскиот англиски се сведуваше на „томејто“/„томато“. Но младите јутјуб инфлуенсери (Американци или со местен американски акцент) го зголемуваат јазот.

Зошто е важно да водите белешки на рака?

Старото и заборавено правило вели - алатките кои ги користат рацете се истовремено и алатки за мозокот. Рачно водените белешки се одлична вежба за „отелотворена конгиција“, поврзување на она што се запишува со неговото помнење. Плус, нотесот или тетратчето на овој начин стануваат евтин а ефикасен „екстерен хард диск“.

Зошто ни е тешко да дочитаме книга во текот на пандемијава?

Рубрикава е меѓу другото за читање книги и една од нејзините цели е да го промовира читањето. Но што кога и оние што вообичаено сакаат да читаат едноставно немаат концентрација и енергија за тоа? Мора нешто да не е во ред. Aма што?

Револуцијата која започнала поради - запирки

Во септември 1905, печатарските работници во една издавачка куќа го запреле процесот. Барале во пресметката на надниците да им се сметаат и интерпункциските знаци. Со оглед на тоа што запирките биле најчести, овој штрајк е наречен „штрајкот на запирката“.

Британски математичар доби награда од 3 милиони долари за откритија кои „можеби му ги диктирале вонземјани“

Веројатно кажано на шала, тоа дека на сега славниот математичар теориите му биле диктирани од повисока интелигенција е тврдење на негов колега. На кого сигурно дополнително му се стемнило кога слушнал за „дебелото“ признание.

Тину-нину: оваа статија ја има напишано робот

Во Гардијан неодамна објавија статија целосно напишана од страна на GPT-3, јазички модел од последната генерација кој користи машинско учење за да произведе текст кој личи на човечки. Морничавото е што ова не „личи“ на човечки, туку е камо-каде подобро од голем број човечки зборосоставувања.

Португалската конкуренција на Флоренс Фостер Џенкинс

Се викала Наталија де Андраде, а според нејзината скудна биографија (достапна само на португалски) била „драмски лирски сопран“. Дури кога ќе ја слушнете ќе сфатите што точно значи ова „драмски“.

„Госпоѓица Маркс“ - нов филм за најмладата ќерка на Маркс

Била активистка, преведувачка, феминистка. Од друга страна не можела да се извлече од нешто што денес би го нарекле „токсична врска“ и трагично завршила. На Еленор Маркс ѝ е посветен нов филм кој се прикажува на тековниот Венецијански филмски фестивал.

Ѕидовите имаат оговарање: комичен португалско-англиски разговорник

Авторот на овој „корисен“ прирачник немал намера да биде хумористичен. Ама така испаднало, поради буквалниот превод на куп зборови и изрази од португалски на англиски. 

Кога оние што ја гледаат чашата полупразна се во право

Доаѓа од латинското pessimus, што значи најлош. Од Русо, Шопенхауер, Ниче, до Фројд, Ками и Фуко, западната мисла е полна со филозофи и автори кои сметаат дека ова не само што не е најдобриот од сите можни светови, туку дека веројатно е најлош.

Тактичноста како доблест

Тежнеејќи кон постигнување морални височини - чесност, великодушност, пожртвуваност - забораваме на оние „малите“ доблести, а толку потребни во секојдневните, често сложени меѓучовечки интеракции.

Мистеријата на д’ткањето

Се смета дека во светот 70 милиони луѓе пелтечат, односно имаат проблем со започнување и одржување на континуитетот на говорот, што резултира со паузи и повторувања. Оваа бројка вклучува околу 5% од децата, кои можат и да ја надминат оваа состојба, како и 1% од возрасните. Помеѓу нив има и актери (Џејмс Ерл Џонс,Емили Блант), претседателски кандидати (Џо Бајден), па дури и еден некогашен крал (британскиот Џорџ Шести).

Не пропуштајте: денес се менува нотата во најспората композиција на светот

За него сме пишувале и претходно. Делото се вика Organ²/ASLSP (As SLow aS Possible), неговата изведба е почната во 2001, а треба да трае до 2640. Местото е црква во Германија, и токму денес, 5.9., таму ќе се случи промената на следната нота. Не дека е за брзање, ама добро е да се знае.

Џон Клис: „Сакам да бидам закопан со непрочитаните книги“

На 8 септември, значи за неколку дена, од печат ќе излезе нова книга на Клис, под наслов „Креативност: краток и весел прирачник“. Книгата е навистина кратка, 112 страници, а дека ќе биде весела, тоа сме речиси сигурни.

Дали и вие не знаете каде ви одат годините?

Учено се нарекува „телескопско доживување на темпоралноста“. Но без оглед на софистицираноста на употребените зборови, чувството е универзално - дека како што старееш, така не знаеш каде ти одат сите тие денови, месеци и години, кои фучат како сиви тркачки автомобили.

Kнига со 88 преводи на само една песна

Даглас Хофштатер, когнитивен научник и физичар, најпознат по книгата од 1979, „Гедел, Ешер и Бах“ за која доби Пулицерова награда, има една друго, помалку познато дело. Во него, на 832 страници, се обидува да преведе (или да обезбеди превод) на една единствена кратка француска песна од 16 век.

„Квиз“ или скандалот со британскиот „Кој сака да биде милионер?“

ТВ квизовите душа дале за филмување, затоа што нудат сè што може да посака едно возбудливо сценарио - предизвикот човек да се истопори пред камера со сето свое (не)знаење, погледот позади сцената, можното мамење за слава и пари. Ова второво е тема на нова мини-серија режирана од Стивен Фрирс.

100 години од раѓањето на Чарли Паркер - Бах на модерниот џез

Роден на 29 август 1920, „Брд“ е водечка фигура во развојот на бибоп, виртуоз на алто саксофонот, самоук музички револуционер. Една анегдота сликовито го опишува почетокот на неговото музицирање, на само 16 години. 

Што се тоа „контактни“ јазици и зошто се загрозени?

Кога во тек на подолг период во меѓусебен контакт доаѓаат луѓе кои зборуваат различни јазици, тие понекогаш создаваат нов, комбинација на постоечките. Лингвистите ги нарекуваат „контактни“, и овие јазици се многу побројни отколку што мислиме. Но истовремено се под голем ризик.