Bookbox

Роман од еден од највлијателните проучувачи на религијата на 20-тиот век, толкувач на религиските симболи и на митот, преточен во филм од ни помалку ни повеќе славиот Френсис Форд Копола. Низ мешавина на магиски реализам, политички трилер и филозофско истражување, тој е опишан како „кога Борхес, Вонегат и Јунг би имале дете“.

Ден Пелцер почина на 1 јули на возраст од 92 години. Откако неговото семејство ја сподели неговата листа, долга 109 страници, со книги кои ги читал во последниве шеесетина години, постот стана вирален. 

Како да носиш фустан направен од стакло?

Стаклото симболизира минливост, невидливост, но и човечка суета и ранливост. Облеката направена од него низ историјата не се покажала како многу практична, но затоа пак биле измислувани различни замени за него, што ќе го обезбедат сјајот и чувството на посебност. 

Алгоговор: како социјалните медиуми ја менуваат иднината на јазикот

Адам Алексиќ е лингвист со диплома од Харвард (по потекло Србин, родителите-физичари се преселиле во САД во 1990-тите). Во својата нова книга под горниот наслов тој тврди дека човечката комуникација во моментов е на точка на пресврт, како резултат на развојот на алгоритмите. Значајноста на оваа трансформација може да се спореди само со претходните откритија на печатарската преса и на интернет. 

Бизарниот култ на кој му припаѓал атентатор на американски претседател

Утописката заедница се викала Онејда. Нејзиниот основач верувал во лично усовршување преку отворена критика на членовите и во „сложен брак“, во кој сите мажи и жени во заедницата биле во меѓусебни брачни односи. Идејата била да се елиминираат љубомората, сопственоста и ексклузивните врски, а љубовта да биде слободна, но доброволна. Токму во ваква секта членувал идниот атентатор на 20-тиот американски претседател, кој завршил на бесилка.

Шпанците бараат муабет пред кооперација да влезе на листата на културно наследство на УНЕСКО

Гратчето Алгар има околу 1400 жители, кои по напорниот работен ден си седнуваат пред куќа или пред локалниот дуќан и се релаксираат низ заеднички разговор и дружба. Сега бараат оваа традиција да се заштити, како „спротивна на социјалните медиуми“.

Генетика, привилегија или нешто трето?: тајните на славните семејства

Под „славни“ не секогаш се подразбираат богати и привилегирани семејства, иако тоа е еден од елементите коj на нивните членови им обезбедува поголема шанса за образование и негување на талентите. Но за да ги негуваш талентите треба и да ги имаш.

„За грст долари“: стариот вестерн е синхронизиран на јазикот навахо

Славниот филм на Клинт Иствуд е најновиот кој е синхронизиран на јазикот на народот Навахо, после „Војна на ѕвездите“ и „Барајќи го Немо“.

Лекција по откачување со стил: писмото на Волт Витман до обожавателка 

Славните личности низ историјата (а сигурно и денес) знаат да бидат арогантни па дури и ужасно нељубезни кога треба да се откачат од некој што ги опседнува со внимание и пораки. Но други можат да послужат како пример како тоа се прави - со такт и со стил.

Шестмината Кинези кои го преживеале Титаник

Кога луксузниот британски патнички брод потонал во Атлантскиот океан во април 1912, илјадници луѓе се нашле во студените води. Но она што вообичаено пропуштаат да го спомнат сериите, филмовите и мејнстрим историјата за овој настан, е дека катастрофата ја преживеале шестмина млади Кинези, за кои сега е снимен нов документарец.

Лена: најкористената дигитална слика во историјата

Во ноемвриското издание на Плејбој од 1972 има дуплерица во боја, на која убава девојка со шапка заводливо гледа накај камерата. Скоро педесет години подоцна, таа се уште се користи за тестирање алгоритми за процесирање слики. Вистинската Лена сега вели - време е да ја пензионирате.

Букбокс читанка: „Како да го запреш времето“ од Мет Хејг

Роман за човек кој страда од „анагерија“ - старее побавно од обичните луѓе. Тоа, колку и да звучи како благослов, е всушност клетва - бадијала другарувањата со Шекспир или патувањата со капетан Кук, кога не може да остане со онаа која ја сака.

Кој бил вистинскиот Раскољников?

Славното дело на Достоевски, „Злосторство и казна“, објавувано во делови во Санкт Петерсбург во 1866, било делумно инспирирано од сензационалистичката сторија за еден париски убиец-поет чие судење писателот опсесивно го следел.

Мислите ли дека од вашиот живот би се направил добар роман?

Според нова студија, повеќе од половината Американци мислат дека во нив чучи идеја за роман, иако никогаш не се обиделе да го напишат. Најголемиот проблем, според нив, е „писателската блокада“ или немањето слободно време. Поинтересно е што ликот што ги фасцинира и за чиј живот би пишувале е токму нивниот.

„Малку веројатниот убиец“ (мини серија, 2021)

Оние повозрасните се сеќаваат на атентатот врз шведскиот премиер од 1986. Сепак, секој од нив запамтил нешто поинакво за тоа кој е убиецот - ништо чудно со оглед на бројот на теории, секоја со доза на веројатност. Но помеѓу сите сомнежи за вмешаност на ЦИА, југословенското разузнавање, Курдите и јужноафриканските поддржувачи на апартхејдот, имало еден човек кој изгледа е најверојатниот, а малку веројатен убиец.

„Пијаната жена е ко улава свиња“: нова книга за жените и алкохолот

Кога е во прашање историјата на алкохолот жените се неправедно изоставени од приказната. Иако уште од времето на Кодот на Хамураби голем број општества ја ограничувале женската слобода да уживаат во пиење или да произведуваат алкохол, тие го правеле и едното и другото, а богами и многу други нешта поврзани со „огнената вода“.

Филмската индустрија не може да се насити од книги за адаптирање

Секоја година, поради стриминг платформите, постои огромна глад за нови и нови содржини кои би можеле да се адаптираат за филм. Голема шанса за писателите - само за кои?

Од работничка до кралица: разликата да ти била во само еден протеин

Повеќето мравки ги минуваат своите животи поддржувајќи ја колонијата и својата кралица, родени да играат одредена улога. Но кога кралицата ќе умре, тие имаат ретка можност да се борат за нејзината позиција. Сега научниците открија мала промена во еден единствен протеин, кој може да одреди дали некои мравки ќе останат работници или ќе се качат на највисокото скалило на хиерархијата, станувајќи „владетели“.

200 години од раѓањето на Достоевски: македонски прилог кон одбележувањето на големиот јубилеј

На 11 ноември 1821 во Москва се раѓа благородник, чие презиме потекнува од  селото Достоево, каде бил доделен имот на татко му. Несуден воен инженер, тој станува одметник, коцкар и бунтовник, се прославува како писател и филозоф, и умира како руско национално богатство, но и светски класик. Вистински достојник, на кого Македонија денес му оддава почит со серија настани и нови преводи на негови раскази. 

Зошто луѓето оставаат компири на гробот на Фридрих Велики?

Кралот на Прусија, кој владеел во текот на 18 век, е познат по повеќе нешта. Неговите победи на бојното поле ја направиле Прусија една од водечките европски сили, а неговата поддршка на уметниците придонела за процут на сликарството и книжевноста во време на просветителството. Сепак најважно за народот било тоа што го промовирал - компирот.

Експеримент: актери ќе глумат во три претстави истовремено

Нова, амбициозна трилогија претстави подразбира дека актерите ќе трчаат за да стигнат во три театри, за да играат во три претстави истовремено. 

Романот кој се состои од само две реченици

„Рајски порти“ е книга на полски писател, објавена во 1960. Иако содржи 40.000 зборови, во целиот роман има само две реченици, речиси без интерпункција. 

Малку поинакви „левичари“ и „десничари“

Инсектите кои на англиски се познати како „ирвигс“ (уволази) од семејството дермаптери, или инсекти со кожести крила, препознатливи по парот закривени „клешти“, се предмет на истражување на јапонски научник, кој се фокусира на нивните сексуални ритуали. Мажјаците имаат два пениса, но некои од нив го користат само левиот а други само десниот, е неговиот заклучок по две децении набљудувања и снимања на сиротите инсекти. 

Дејтинг „апликациите“ со кои Англичанките си наоѓале партнер во 19 век

Во Викторијанска Англија немало смарт телефони, но имало огласи за барање партнери во семејните списанија. Ги објавувале и мажи и жени, често со наведување на интимни детали за нивниот табиет и финансиска положба. 

„Незаборавна пролет во заборавено село“ (2019)

Нова национална стриминг платформа ни овозможи да погледнеме филм кој сме го пропуштиле, а и реално не би имале многу можности да го видиме освен на телевизија. Комедија со атрактивен синопсис - што се случува кога во едно забаталено село ќе пристигнат три проститутки?

Пред шекспировите Ромео и Јулија: Паоло и Франческа на Данте

Оваа година се навршија седум века од смртта на големиот фирентински поет, кој во своето епско дело „Божествената комедија“ спомнува италијански пар, осуден да гори во пеколот поради својата страствена љубов. 

Кога Микеланџело се пријавил на скулпторски натпревар и - загубил

Една од најславните скулптури на сите времиња во моментот кога била пронајдена во римско лозје имала оштетена рака. Папата понудил пари за некој да ја реставрира. Идејата на Микеланџело не била прифатена. Но потоа излегло дека бил во право.  

Што се тоа „тулпамансери“?

Во текот на пандемијата и карантините за многумина се актуелизираше проблемот на осаменоста и немањето со кого да прекршиш збор. Ако не си човек што вообичаено слуша внатрешни гласови, зошто да не ги создадеш намерно? 

Бремето врз нејзините раменици

Нова изложба во Етнографскиот музеј во Белград, организирана по повод 120 години од постоењето на оваа институција, е посветена на еден предмет за кој мислиме дека на македонски се вика кобилица, а на српски е обрамец или кобилка. Навидум банална тема, но преку неа се истражуваат начините да се опстане и да се совлада и физичкото и, симболично, секое друго бреме.