Bookbox

Хибридно потомоство на лав и тигрица да ти се викало лигар (на англиски - liger). Спротивната мешавина е тигав (на англиски - tigon). Ги делат карактеристиките на двата вида, на пример сакаат да пливаат како тигрите, а се социјални суштества како лавовите. 

Во Франција на 20.09. излезе нова верзија на славниот филм од 1974, режиран од Одри Диван, која претходно доби Златен лав во Венеција за моќната драма за абортус, „Хепенинг“. Ако сексуалните авантури на Емануела треба да се пре-раскажат, тоа е затоа што за половина век нештата во областа на сексуалноста се имаат драстично променето. Не самиот секс де, туку социјалните и идеолошките матрици поврзани со него. 

Букбокс гледаше: „Вил и Харпер“ (документарец, 2024)

Замислете дека сте маж кој последниве триесет години имал многу близок пријател, маж, со кого не само што професионално соработувал туку и пиел по кафани, се тепал и правел други стереотипно „машки“ нешта. Одеднаш, на 61 година, вашиот пријател ви кажува дека ќе стане жена, со цицки, репче и цветни фустани. Дали ќе му понудите да тргнете на пат низ земјата за да го поддржите во оваа идеја?

Книжевна препорака на денот

„Помошно средство за секаква намена за потребите на вашата канцеларија или дом“. Вака гласи препорака со пет ѕвездички на книга на Амазон. Не која било книга, туку учебник со 1279 страници, тврда корица и (навидум) едноставен наслов: „Гравитација“.

Пепел во пепел, ама после под вода: првата подводна гробница на светот

Нептун меморијал риф врши услуги на клиенти кои сакаат нивното последно почивалиште да биде под вода, со тоа што нивната пепел ја вградува во статуи на морски животни или друга форма по избор. 

Изложба чии организатори се музејските чувари

Каква одлична идеја! Па кој подолго и повеќе мора да гледа во закачените слики и изложените дела ако не оние кои истите ги чуваат? Балтиморскиот музеј на уметност сега им нуди да се пробаат и како куратори. 

Наместо бојкот: полски театар со мала промена на „Три сестри“ на Чехов

Во оригиналната драма, протагонистите се досадуваат во нивната провинциска резиденција, и сонуваат за враќање во Москва. Во знак на солидарност со Украина, познатиот театар ТР Варшава го заменува главниот град на Русија со Киев.

„Кучка“: нова книга за еволуцијата на женските животни

Што значи да се биде женско? Мајка, „понежна половина“, некој кој по природата на нештата е истовремено и кршлив и грижлив? Луси Кук, авторка на нова книга за женките во животинското царство, не мисли баш така.

Споменик од Микеланџело исчистен со помош на бактерии

Откако не успевале со други средства, научниците прибегнале кон неконвенционално решение за да го исчистат надгробниот споменик на семејството Медичи од со векови напластената нечистотија.

На 91 почина човекот кој прв направи бизнис од аудио-книги

Се викал Дивал Хект, и во животот немал многу време за читање. Бил воен пилот, добитник на Олимписки медал за веслање, магистер по новинарство од Стенфорд, за во 1960-тите да почне да работи во брокерска фирма. Ова подразбирало долги дневни возења до и од работа. Тогаш му дошла идеја.

Јапонско рекламирање со „чалгии“

Чиндон’ја се музички тајфи, чии членови, облечени во традиционална облека, на улица рекламираат продавници и настани. Отприлика како кога наши играорци би шетале низ град со постери за попусти.

Во 1973 компјутерот на MIT предвидел дека цивилизацијата ќе се самоуништи до 2040

Во вечно апокалиптично расположение, нагласено од актуелните случувања, медиумите копаат по архивите да најдат кој и кога го предвидел крајот на светот, а тоа да не е баба Ванѓа или Нострадамус. Овој пророк е од старите компјутери.

Теологијата на чоколадото

Консумирањето чоколадо во христијанскиот свет, особено во католичките земји, кои први имале пристап до него од Европејците, предизвикал дилема. Дали тоа смее да се јаде? Дали треба да биде забрането за време на пости? Расправиите, од папи до монаси, завршиле во моментот кога овие првите го пробале.

Единствената кинеска царица

Историјата ја запишала како насилничка - ја убила сестра си, ја отрула мајка си, безочно манипулирала, и со таквите вештини владеела повеќе од половина век, како единствена жена-владетел во Кина. Можеби поради нејзиниот карактер, а можеби едноставно затоа што како жена била исклучок, подоцнежните генерации вложиле доста напор за да ја избришат од историјата. 

Писателот кој успеа да собере над 20 милиони долари на Кикстартер (и уште собира)

„Изненадување! Четири тајни романи од Брендон Сандерсон“, гласи насловот на Кикстартер кампања, чија цел беше да собере еден милион долари. До денес, 7.3,  со уште 25 преостанати денови од кампањата, собрани се многу, многу повеќе. 

„Приказна од западната страна“ (2021)

Минатата година имаше дури три филмски мјузикли. „Анет“ собраа куп европски награди, а „Сирано“ е номиниран за Оскар за најдобри костими. Но „Приказна од западната страна“ има седум номинации, а од нив некои статуетки се речиси сигурни. Како тргнало, можеби следната година ќе гледаме нова верзија на „Футлуз“?

Кога двајца професори се обложиле во 1000 долари на иднината на човештвото

Едниот бил биолог, другиот економист. Во 1980 почнале јавна преписка околу едно прашање: дали зголемувањето на бројот на население на Земјата ќе ја надмине способноста тоа да се прехрани? Паднал и облог, и еден од нив го добил, иако не баш како што очекувал.

Холодомор: големиот глад во Украина за време на Сталин

Пролетта 1933, Малком Магериџ, дописник на Гардијан од Москва, тајно патувал низ Украина и северен Кавказ, кои во тоа време биле житницата на Советскиот Сојуз. Но наместо да види нахранети и задоволни луѓе, бил ужаснат од масовното гладување и купиштата мртви тела. Неговите репортажи биле изнесени од земјата со дипломатска пошта и биле објавени анонимно на 25, 27 и 28 март.

Слепата готвачка која победи на „Мастершеф“

Родителите на Кристин Ха дошле во САД од Сајгон во 1975, по Виетнамската војна. Нивната ќерка завршила факултет, магистрирала книжевност и заболела од автоимуна болест која ги напаѓа очните нерви. Иако целосно слепа, успеала да ги совлада готвачките вештини. И не само тоа, туку да го освои срцето дури и на камен студениот Гордон Ремзи.

Украинската самоука сликарка на која Пикасо ѝ се поклонувал

Украинските власти јавуваат дека како последица на руската инвазија на Украина е уништен дел од фондот на Историскиот музеј во селото Иванкив, северно од Киев, каде се чува збирка на меѓународно познатата наивна уметница Марија Примаченко. Несреќен повод за светот да се потсети на оваа самоука сликарка, родена 30 километри од Чернобил, во украинското село Болтонија, каде го поминала целиот живот. 

Кога тајната полиција учела да пишува поезија

Нова книга покажува како источногерманската Штази формирала таен поетски кружок, обучувајќи го да пишува поезија, но и да влегува во главата на поетите-дисиденти, ловејќи ги можните сублиминални пораки искажани низ метафори и други форми на фигуративно изразување.

„Мозочен јаз“: кога омилената серија продолжува, но не се сеќаваш на ништо

Пред неколку дена, по подолга пауза, продолжи „Пики Блајндерс“, со последната, шеста сезона. Во април ќе има премиера на исто така финалната сезона на „Бетер кол Сол“. Прва помисла - едвај чекаме. Втора помисла - за што ли се работеше во последните епизоди?

Ниматрон: првата видео игра од 1939

Бил замислуван како емоционален и финансиски антидот на Големата депресија. Светскиот саем во Њујорк од 1939 вклучувал куп технолошки изуми, а помеѓу нив ниматронот, едноставна но дијаболична машина, против која тешко се победувало.

Шоуто не може да продолжи: масовни откажувања на настапи на руски уметници низ светот

Помеѓу другите реперкусии од инвазијата на Путин во Украина, Русија трпи и на полето на спортот и уметноста. Низ светот масовно се откажуваат веќе договорени ангажмани и гостувања на руски ансамбли и поединци, и обратно, закажани настапи на странски изведувачи во Русија. Иако е јасна потребата за притисок врз руските власти, ова го отвора прашањето за колатералните штети по она што би требало да нема граници, националност и политичка припадност - Уметникот. 

Букбокс гледаше: „Скала“ (2021)

Романски филм, кој низ сложен преплет на историски и интимни драми, ја раскажува вистинската приказна за животот на Драгош Паслару, познат актер од времето на 1990-тите, кој по бурните настани поврзани со падот на Чаушеску станува отец Валеријан.

Борис Дежуловиќ: Ода на тагата и минута на радоста

Неодамна известивме за, во најмала рака, необичната одлука на Загрепската филхармонија да ги извади „веселите“ дела на Чајковски од концертната програма и нив да ги замени со „посоодветни“ на Бетовен и Барбер. Во брилијантен текст на оваа тема, Дежуловиќ во ритам на кисело алегро вивачисимо, ја прави парам-парче, и оваа неинформирана (или лицемерна) одлука, и целиот концепт на „тажна“ и „весела“ музика. 

Медиумско навраќање на 1938

Ако некоја идна (блиска или далечна) апокалипса не ги збрише сите сервери од лицето на земјата, примарен извор на идните историчари ќе бидат актуелните фејсбук постови и твитови. За минатото исто толку гласно зборуваат сочуваните весници, кои на хартија изгледа ќе потрајат подолго отколку дигиталните пиксели. Накратко: 1938, Кралство Југославија.

Од голи протести до блокчејн: како уметниците протестираат против руската инвазија на Украина

И до сега беше тешко да се искажат критички ставови низ уметнички перформанси во Русија. Но актуелната ситуација го зголеми нивото на нивна ангажираност, особено во контекст на можностите кои ги нуди блокчејн технологијата. Додуша, некои и понатаму повеќе сакаат да искажат став физички, со сета душа и тело. 

„Долината на нелагодноста“: нова монодрама во која единствената улога ја игра робот

Фигура седи сама на сцена, облечена во развлечен џемпер и пантолони, со прекрстени нозе. Бавно ги движи своите раце и исто толку бавно ја врти главата. Овој единствен изведувач не е човек. Тој, или тоа, е аниматроник, подвижен андроид или со други зборови, робот.