„Вчера имавме многу мрачна проба. Имаме неколку колеги од Украина кои беа многу потресени, но сите се чувствувавме лошо. Во тешките мигови хуманоста и благодарноста стануваат императиви“.
Со овие зборови директорот на Загрепската филхармонија Мирко Бош образложи зошто по руската инвазија на Украина од програмата на концертот најавен за петокот се исфрлени Италијанското капричо и Четвртата симфонија во ф-мол на големиот руски композитор Петар Илич Чајковски.
Од програмата во салата Ватрослав Лисински, која требаше да се состои од три композиции на Петар Илич, остана само неговиот Концерт за виолина и оркестар во д-дур, а две другите две се заменети со гудачкото Адаџо на Семјуел Барбер и со Алегретото од Седмата симфонија на Бетовен.
Кога весниците јавија дека „Загрепската филхармонија поради Владимир Путин го исфрли Чајковски од програмата!“, од таму дополнително го објаснија својот потег, со гадење отфрлајќи ги алузиите на рускоста на Илич. „Веселите дела на Чајковски ги заменивме со покамерни композиции, во знак на солидарност со Украина. Тоа е вообичаена пракса во светот во такви ситуации“.
Не станува збор, значи дека Петар Илич Чајковски е Русин, туку тоа што неговите композиции се весели. Повторувам, весели. Во ред.
Како лаички љубител имам неколку глупави прашања.
Исфрлената Четврта симфонија во А-мол - потсетувам, мол - нам, на лаичките љубители, попозната како „Судбинска“, е напишана како рефлексија на композиторот на внатрешните турбуленции по завршувањето на несреќната врска со белгиската сопранистка Дезире Арто, „единствената жена која тој некогаш ја сакал“, катастрофалниот брак со Антонина Миљукова и конечното освестување за сопствената хомосексуалност. Самиот Чајковски во писмо до својата муза и мецена Надежда фон Мек воведните фанфари ги претставува како „главна мисла“ на целото дело и ги толкува како „судбина“, „кобна снага која стои на патот на среќата и виси над главата како Дамоклов меч, непоколебливо, постојано труејќи ја душата“. Целиот живот е непрекината низа на тешка стварност со минливи соништа“, појаснува понатаму Чајковски. „Не постои засолниште. Пловите по тоа море додека не ве проголта и не ве повлече во своите длабочини“.
Како што гледаме, у пичку матер весело.
Што остана, меѓутоа, на репертоарот наместо Четвртата симфонија, во светот позната како Судбинска, а кај Хрватите како Весела? Концертот за виолина и оркестар во ф-дур, потсетувам, дур, од разбирливи причини никогаш формално посветен на Петровата голема геј љубов, виолинистот Јосиф Јосифович Котек. Наместо нему, концертот на крај го посветил и му го понудил на унгарскиот виртуоз Леополд Ауер, но овој го одбил тврдејќи дека е композиција која е толку сложена што е невозможно да се отсвири онака како што е напишана. Цели три години несреќниот Петар Илич барал виолинист по светот кој може да го изведе тоа фуриозно парче, "I'm Going Home" на класичната музика, пред конечно да го скроти Адолф Давидович Бродски во Виена.
За да избегне секакво недоразбирање - па некој во иднина, не дај боже, Концертот случајно да го означи како „камерен“ - самиот Чајковски го запишал како „весел“: завршниот дел, на пример, е Allegro vivacissimo. Да појасниме за лаичките нељубители: allegro на италијански значи токму „весело“ - не „некамерно“ или „оптимистично“, туку баш „весело“ - и како ознака за темпо со кое се свири некоја композиција стои при самиот врв на скалата: само „престо“ е побрзо и пофуриозно. Иљичевото Алегро притоа за беља дури и не е обично алегро туку разуздано алегро вивачисимо, односно „најживо“ можно.
Да слушнеме, впрочем, како по виенската премиера од 1881 на оваа композиција, ноќна мора на светските виолинисти - според хрватската музиколошка теорија најмрачната и најтажната весела композиција во целата историја на класичната музика - ѝ пресудил австрискиот критичар Едуард Ханслик, водечки музички авторитет на тоа време, страв и трепет на чувствителните европски композитори:
„Рускиот композитор Чајковски е напумпан талент со генијална опсесија без вкус. Таков е и неговиот најнов, долг и претенциозен Виолински концерт. Некое време се движи трезно, музички не и без дух, но вулгарноста набргу ја презема предноста. Виолината веќе не свири туку кине и се трие. Финалето нè пренесува во брутална и бедна радост на руското славење. Јасно гледаме диви, вулгарни лица, се слушаат пцости, мириса на вотка. Фридрих Вишер еднаш, говорејќи за опсцени слики, рече дека тие се смрдеа за очите. Овој концерт прв пат ни дава ужасна слика за тоа дека може да постои и музика која е смрдеа за ушите“.
Како што гледаме, у пичку матер камерно.
Да се исфрли, ете, „веселата“ молска Судбинска симфонија и да се остави „камерниот“ дурски Концерт за оркестар и виолина, „пијаната руска прослава“ чие екстатично вивачисимо малограѓанската публика ја тера на ритмично плескање и станување од столица како Штраусовиот Радецки марш, тоа може да го стори само некој кој или а) се заебава со украинскиот народ, или б) набрзина смислил оправдување зошто концертот со три дела на еден руски композитор - практично негов „солистички“ концерт - како политички незгоден е осакатен, па „контекстуализиран“ со додавање на тажното Адаџо на Барбер на почетокот и Бетовеновиот зицер на крајот.
Можеме, впрочем, и за контекстот.
Нешто за тоа веќе кажаа гневните лаички љубители на социјалните мрежи, потсетувајќи на тоа дека и самиот Чајковски е со украинско потекло, од род на украински Козаци, од племето на старите Чајки - патем, со четвртина од својата крв по мајка Француз и Австриец - во чии дури и „цензурирани“ дела директно се слуша и украинското музичко наследство. Уште повеќе, Чајковски во свое време не бил презрен само од западната критика, туку и од татковинската, поради своите нескриени западни и многу европски ставови. Да речеме италијански, како спомнатото „непримерно“ капричо, кое за секој случај уште го нарекол и Италијанско.
Од друга страна, Иљичевата „замена“ - пригодниот, подобниот и еден век помладиот американски композитор Семјуел Барбер - во свое време бил презрен од татковинската критика, и тоа токму поради своите источни и многу руски ставови. Уште повеќе, поради „неамериканскиот“ карактер на својата музика, Семјуел Барбер не само што бил презрен, туку и политички суспектен, па во времето на „ловот на вештерки“ на сенаторот Џозеф МекКарти поради нескриените симпатии кон советската музика и самиот е сослушан пред славниот Одбор за противамерикански активности.
Уште поповеќе, Барбер бил интимен пријател на злогласниот жданов на советската музика, Тихон Хреников, Сталиновиот домашен композитор и член на ЦК на Комунистичката партија на СССР, од 1948 па до падот на Советскиот сојуз генерален секретар на Сојузот на советските композитори, кој се прославил на Првиот конгрес на Сојузот, денунцирајќи го Прокофјев, Шостакович и останатите реакционерни елементи во советската музика, а на Шестиот конгрес им пресудил на седуммина композитори, денес запомнети како „Хренниковская семёркa“, Хрениковите седуммина, поради настапот на декадентниот Запад.
Може ли уште поповеќе? Може. Среде Студената војна, во 1962, Семјуел Барбер ќе отпатува во Москва, како првиот американски композитор и музичар во СССР, па таму со другарот Хреников ќе си ја гали душата на фестивал во Горки, некогашен и денешен Волгоград, каде неговите дела ќе се изведуваат и помеѓу работниците и фабриките во погоните на фабриката за автомобили Волга.
Таков, ете, советски симпатизер и интимус на најлошиот руски културен сатрап пристигна во салата Ватрослав Лисински да оддаде почит и слава на украинскиот народ во војна против руските агресори, а сето тоа како замена за прозападниот и проевропскиот композитор со украински корени.
Значи, некој сепак се а) заебава.
Ако ви требаат, впрочем, уште докази за а), можеме и за пригодниот, подобниот и постариот Лудвиг ван Бетовен и неговата Седма симфонија, како втора „замена“ за Чајковски. Нема на ова место дури ни да инсистираме на историскиот факт дека таа симфонија големиот Лудвиг ја напишал пред Наполеоновата агресија на Русија, инспириран од херојството на англиската војска во борбата против гнасниот француски агресор. Од славната Седма - заменувајќи ги „веселите композиции“ со оние „покамерните“ - загрепските филхармоничари го одбрале, јасно, вториот чин, Бетовеновиот голем хит Алегрето - види: „алегро“ - кој и самиот „весел“ Петар Илич Чајковски го гледал како дело „полно со незауздана радост, блаженство и животно задоволство“.
А за да нема сомнеж во тоа дека тука некој а) се заебава, на крајот на таа достоинствена камерна вечер Загрепската филхармонија ненајавено го отсвири и славното финале на Бетовеновата уште пославна Деветта, култната Ода на радоста.
Не, сфативте, каква пригодна Ода на сочувството, Ода на солидарноста или Ода на хуманоста и благодарноста, туку токму Одата на радоста.
Одата која е веројатно најрадосниот и најеуфоричниот музички запис што го видела човечката нотна тетратка, во споредба со кој дури и Иличевото Алегро вивачисимо е жален посмртен марш. Одата, на крајот на краиштата, за која со стиховите на Фридрих Шилер самиот Бетовен со своја рака - точно како да ја заебава Загрепската филхармонија - ги допишал почетните два, „O Freunde, nicht diese Töne!/ Sondern laßt uns angenehmere anstimmen, und freudenvollere“, односно „О пријатели, не овие тонови!/Дајте ги оние попријатните и порадосните!“.
Или, во слободен превод, „О пријатели, не камерно/само весело!“
Како што гледаме, и на глувиот Бетовен му е сосема јасно дека не станува збор за тоа дека „во знак на солидарност со украинскиот народ“ програмата е изменета со изборот на „покамерни наместо весели композиции“, туку дека станува збор за тоа дека во истиот тој „знак на солидарноста“ ад хок е исечена и прекроена незгодната „авторска вечер“ на еден руски композитор.
Постои ли некаква мала, за простото уво невозможна опција дека сепак не станува збор ни за а) заебавање на ценетиот публикум, ни за б) сослушување на Чајковски пред Одборот за антиукраински активности, туку дека изборот на неговото радосно Алегро вивачисимо, Бетовеновата химна на животната радост и еден руски симпатизер - сите среде руската инвазија на Украина - е нешто сосема трето? Секако. Во тој случај, меѓутоа, математички останува само в) руска диверзија среде Загреб.
Има стариот Петар Илич и за тоа една паметна, што и организаторите на загрепскиот концерт го издвоија во најавата на неговата несудена Четврта симфонија, подвлекувајќи ја „вонмузичката инспирација“ на композиторот: „Секако дека мојата симфонија е програмска“, напишал Чајковски, „но таа програма не може да се преточи во зборови. Тоа би било смешно“.
Преведено на јазикот на Загрепската филхармонија и нејзините „вонмузички инспирации“ за промена на репертоарот: „Секако дека нашите измени се програмски, но таа програма не може да се преточи во зборови. Тоа би било смешно.“
А „во тешките мигови“ во кои „хуманоста и благодарноста стануваат императиви“ никому со зрнце човечност во него не му е до смеа и до веселба.