Таг: Бетовен

Борис Дежуловиќ: Ода на тагата и минута на радоста

Неодамна известивме за, во најмала рака, необичната одлука на Загрепската филхармонија да ги извади „веселите“ дела на Чајковски од концертната програма и нив да ги замени со „посоодветни“ на Бетовен и Барбер. Во брилијантен текст на оваа тема, Дежуловиќ во ритам на кисело алегро вивачисимо, ја прави парам-парче, и оваа неинформирана (или лицемерна) одлука, и целиот концепт на „тажна“ и „весела“ музика. 

Дали метрономот на Бетовен му бил расипан?

Бетовен бил еден од првите композитори кои работеле со метроном. Со оглед на тоа што првите излегле во 1817, тоа значи дека тој имал 47 кога оваа алатка станала модерна. Сега историчарите на музиката и диригентите мака мачат да сфатат дали пребрзите темпа на неговите композиции се грешка, или тој навистина сакал да се свират со неверојатна брзина?

Жената која ги правела најдобрите клавири во Виена

Нанет Страјхер за жал има маргинално место во историјата на музиката. А била една од најдобрите производители на пијана не само во Виена, туку во Европа. Плус долго време го водела хаотичното домаќинство на Бетовен.

Бетовен бил црн?

На Твитер деновиве циркулира статија од 2015 која ја промовира идејата дека славниот композитор имал африканско потекло. И ова не е прв пат да се потегнува муабетот, што е поинтересно отколку „вистината“ за расната припадност на Бетовен.

Дали Бетовен имал ќерка?

Во годината во која се одбележуваат два и пол века од раѓањето на големиот композитор, се актуелизираат различни аспекти од неговиот живот. Еден од помалку познатите е дека тој најверојатно го имал единственото дете со една од неговите љубовници.

10 дена и 9 часа: најдолгиот маратон со изведба на дела од Бетовен

Во чест на 250 години од раѓањето на Бетовен, Данскиoт гудачки квартет од 7-18 февруари во Линколн центарот во Њујорк го изведе целиот циклус негови композиции за ваков ансамбл. На крај настапиле и на бис, за да покажат дека уште им се свири.

Алгоритам ќе комплетира недовршена симфонија на Бетовен

Компонирал девет симфонии. Планирал десетта, но само ја скицирал. Таа сега ќе биде да биде завршена со помош на вештачка интелигенција.

Дали судбината навистина чука на вратата во Бетовеновата петта?

Та-та-та-ТАМ! Една од најпознатите нотни низи во историјата на музиката, која вообичаено се толкува како звук на судбината. Но колку е оваа асоцијација навистина на композиторот?

Другарот на Бетовен кој дури сега го добива заслуженото признание

Антоан Риша (еден од можните изговори на неговото име) до сега се среќаваше само во фусноти на книги поврзани со Бетовен. Двајцата се здружиле како тинејџери кога свиреле во ист оркестар во Бон: Риша втора флејта, Бетовен виола. Но сега еден пијанист ја оживува неговата музика, која до сега не го добила заслуженото признание.

Врската меѓу Кање Вест и Бетовен

Двајца музичари, преку иновативна симфониска адаптација на музиката на славните уметници кои ги делат два века, се обидуваат да покажат дека тие се поблиски отколку што мислиме - затоа што се авантуристички и креативни умови кои ги прекршуваат конвенциите на своето време.

Koга Бетовен го сретна Гете

Едниот музички гениј-мрчатор со нарушено здравје и генерално мизантроп, другиот учтив поет-благородник по чие име е наречена цела епоха. Бидејќи живееле во исто време нивната соработка како да била судбински предодредена. Ама кога нејќе, нејќе.

Има ли фајде што Меркел ги седна Г20 лидерите да ја слушаат 9-та симфонија на Бетовен?

Не може да се збори кој и како од 20-те лидери вечерта во новата сала на филхармонијата во Хамбург го доживеал делото на Бетовен, ама може да се каже дека ова е веројатно првиот пат кога овие 20 луѓе беа на едно место и цел час (речиси) никој од нив не отвори уста.

Универзалната прилагодливост на „Ода на радоста"

Како може композиција која не била направени ни со ронка желба за промовирање национализам, врз стихови кои зборуваат за пријателство и братска љубов помеѓу луѓето низ целиот свет, да биде користена за пропагирање сосема спротивни идеи? Жижек ќе ви објасни.

Музика за убивање

19-вековна класична музика, особено онаа на Бетовен, се користи во игрите со пукање во прво лице (first-person shooter games). Романтицизмот, значи, е преферираната музичка придружба на виртуелното убивање.

9-тата банкарска

По повод 130 години од постоењето,  Банко Сабадел ги части жителите на Сабадел со "флеш-моб" од 100 членови на симфонискиот оркестар Валес, плус Хорот Лиедер и пријателите на Операта и Хорот на убавите уметности.

О-да-да на радоста

Застапувајќи се за европски културни вредности, но и одлучно укажувајќи на местото на Србија во таа неисцрпна ризница, Демократската младина на Прокупље воочи изборите во Србија ја препева „Одата на радоста".