Yeethoven

Врската меѓу Кање Вест и Бетовен

Двајца музичари, преку иновативна симфониска адаптација на музиката на славните уметници кои ги делат два века, се обидуваат да покажат дека тие се поблиски отколку што мислиме - затоа што се авантуристички и креативни умови кои ги прекршуваат конвенциите на своето време.

Во последно време муабетот околу Вест се фокусира на политика, односно на неговите твитови, епско долги интервјуа, и продуцентската офанзива со издавање по еден албум неделно во тек на пет недели. Некои од нив содржат аранжмани за гудачи и вокали од композиторот со диплома од Јеил и поп уметникот Стивен Јохан Фајгенбаум. Тој и диригентот Југа Колер од време на време организираат изведби кои ги нарекуваат Yeethoven при што со голема група класични инструменталисти се обидуваат да ги откријат сличностите помеѓу делата на овој рапер и продуцент од 21 век, и композиторот од крајот на 18 и почетокот на 19 век.

Името на проектот е комбинација на насловот на Yeezus на Кање од 2103 и „Бетовен“. Според авторите спомнатиот албум означува напуштање на класичната структура на претходните дела на Кање (стих-рефрен), и поголема формална комплексност, со елементи кои се симфонични, а уште поразвиени на следниот, The Life of Pablo. Слично контроверзно но во негово време, Бетовен отстапил од постоечките музички форми, создавајќи си непријатели, но и засекогаш менувајќи го курсот на музичката историја.

Станува збор за едночасовен интерактивен перформанс во текот на кој публиката е изложена на контрастирани парчиња музика на Вест и Бетовен, но понатаму развиени, варирани и на крај споени, за да се открие како овие двајца уметници, кои ги дели период од 200 години, ги прекршиле сите правила за да направат простор за своите грандиозни уметнички амбиции. Така, нивната комбинација е всушност спој на иконокласти, а низ класичната музика и хип-хопот „врви еден заеднички музички и културолошки рбет“. Пример: песната „Бранови“ на Кање ги користи високите тонови за одржување на темпото, а ниските за да ја пренесе мелодијата, слично како во Симфонијата број 8 на Бетовен.

Перформансот, кој до сега е изведен во Њујорк, Лос Анѓелес с и на Фестивалот на идеи во Аспен, е вклопуваат во дискусијата која ја предизвика неодамнешното добивање на Пулицеровата за музика од страна на Кендрик Ламар. Па кој знае, можеби Кање ќе биде следниот.

4 јули 2018 - 10:13