таг: Борис Дежуловиќ

РК Загреб последен пат изгубил во првенство пред 12 години

Во една од своите сјајни колумни, Борис Дежуловиќ прави осврт на бесмисленоста на хрватската ракометна лига во која неприкосновениот РК Загреб до ден-денешен има 237 победи по ред. Не изгубил од 2007-ма. Повеќе

Цензурата како самокастрација

Неодамна, по седум години и седум месеци, Дежуловиќ престана да ја пишува редовната колумна во сараевско „Ослобоѓење“, онаа која секојпат почнуваше исто - со другар му Кожо кој во два по полноќ му се јавуваше да му каже виц. Но неговото откажување не е ни смешно, и не е виц. Панчиќ го нарекува (само)кастрација на медиумите, без оглед на страната на политичкиот спектар на која припаѓаат. Повеќе

Дали е можна емпатија за Ѓаволот?
Дежуловиќ за Ратко Младиќ

„Дали солзите на Ратко Младиќ се со ист состав како солзите на таткото на малата Медиса, или со солзите на Хусо Силајџиќ од Горажде?“, прашува Дежуловиќ, ризикувајќи да го претстави крвникот речиси како човек.  Повеќе

По смртта на Предраг Матвејевиќ
Aвторот на „многу книги“, или уби ме туџа срамота

Пред една недела, во загрепски дом за стари, заборавен од сите, во тесниот круг на најблиските пријатели, умре професор, писател, публицист, полиглот и еден од последните ангажирани интелектуалци на европскиот нов век. Веста на ХРТ по овој повод гласеше: „Умре автор на многу книги“. Повеќе

Дежуловиќ за хрватското кошаркарско проклетство

Пред пар месеци, бескомпромисниот критичар Борис Дежуловиќ напиша колумна во која подвлече паралела меѓу ЕП 1995 во Атина кога хрватските кошаркари го напуштија подиумот и ОИ во Рио 2016. Колумната е поактуелна деновиве отколку тогаш. Повеќе

10 факти за тестисите

Секоја чест за мовембар ама јајца требаат и во остатокот од годината, да речеме во април кој е всушност светски месец на подигнување на свесноста за опасностите од ракот на тестиси. Повеќе

Балканот пред нов црн бран

"Укинeте ја Србија!", немоќно ќе зацвили Борис Дежуловиќ во пресрет на престојното есенско цунами ријалити шоуа кое наскоро ќе ги запоседне далечинските управувачи во регионов. Наместо Србија читајте Македонија и ќе се чувствувате како дома, пред телевизор. Повеќе

Кога Швеѓаните ќе попиздат
Борис Дежуловиќ

Денот ни почна со тажна фото-репортажа за зеленилото во Скопје некогаш и сега, а некако кармички продолжи со овој текст на Дежуловиќ. За шесте хектари рекреативен простор среде Гетеборг, и необичниот концепт кој им овозможува на граѓаните да попиздат кога некој им го одзема заедничкиот простор и го продава на најдобриот понудувач. Тој се вика - „јавност". Повеќе

Дежуловиќ конечно на македонски
Нова книга

Другарот Боро бил толку присутен на овој сајт, што понекогаш се воздржуваме да не преведеме нешто ново од него, само за да не ве удавиме. Ама сега еве ветуваме дека за некое време ќе апстинираме. И тоа затоа што - му објавивме книга! Повеќе