Девојката на 7. јуни минатата година, откако стопирала на мост близу градот Дрниш, влегла во камион со сина боја, и оттогаш ѝ се губи секаква трага. Нејзиното исчезнување ја покрена досега најголемата потрага во хрватската историја, и таа сè уште трае, во меѓувреме бивајќи користена за разно-разни политички и друг вид препукувања.
Последната злоупотреба на случајот е направен на споменатата прес конференција, каде противниците на Геј прајдот изјавуваат дека „Антонија Билиќ е индиректна жртва на парадата во Сплит", затоа што заради обезбедување на манифестацијата во наводно клучниот момент од потрагата биле повлечени илјадници полицајци.
На ова со текст реагираше Борис Дежуловиќ, кој со неговиот познат остар но правичен тон напиша: „Колкава човечка гнида треба да бидеш, и колку треба да ти биде поган јазикот, за да кажеш дека Антонија била жртва на ланскиот Геј прајд во Сплит?". Па токму заради такви како овие „интелектуалци“ и беше воопшто потребно толкаво обезбедување, продолжува Дежуловиќ, наведувајќи ја целата хронологија на настаните, полна со закани, лажни пријави на бомби и ширење антипропаганда пред Прајдот, кој на крај и покрај огромното обезбедување мораше да биде прекинат, заради дивјачките напади врз неговите учесници. Зошто навистина биле потребни илјадници полицајци - заради неколкуте безопасни хомосексуалци и нивните пријатели, кои сакале само да се прошетаат по Рива мафтајќи со шарени знаменца, или заради „запенетите примати кои со месеци, недели и денови пред настанот најавувале пресметка со педерите со сите средства"? Колку индиректни жртви на прајдот со крвави глави побарале помош тој 11 јуни 2011., а уште колку мртви и ранети ќе можело да има да не било толку силното обезбедување?
Фрлајќи уште по некоја клетва и епитет врз главите на „католичките талибани", „гуруата" и „интелектуалците кои држат срамни прес конференции по кафичи", тој сега се соочува со приватна тужба, на која, како што изјави, „однапред се радува". И тоа не само затоа што тоа е повод уште еднаш да се преиспитаат моралните и други консеквенци на целиот случај, туку и заради чиста лингвистика: „На оние кои ме прогласуваат за луд четник ќе им го препуштам изборот на овластен судски толкувач и вештак за хрватски јазик, кој пред чесниот суд прецизно ќе го дефинира значењето на хрватскиот збор гнида - кој по ад хок експертизата на некои водечки лексикографски авторитети би означувал а) јајце од вошка и б) личност со многу лош карактер, без достоинство, ситна душа, или некој кој има само јајциња.
Чинам идентично значење има и во македонскиот јазик.