Олга, Маша и Ирина веќе нема да сонуваат за Москва, туку за Киев во изведбата на „Три сестри“ на театарот ТР Варшава. Следните претстави се закажани за 12 и 13 март, а варијацијата на оригиналниот текст е направена по иницијатива на управата на институцијата.
„Ги менуваме најзначајните реченици на најзначајната драма на најславниот руски драматург, за да ја нагласиме солидарноста со украинското општество“, се вели во соопштението.
Драмата на Чехов се однесува на три сестри кои се досадуваат во својата резиденција во длабоката руска провинција, копнеејќи по тоа да се вратат во својот сакан град, Москва. Во новата верзија, режирана од Белгиецот Лик Персевал, публиката нема да ја слушне репликата „Секоја вечер сонувам за Москва“, туку „Секоја вечер сонувам за Киев“.
Варшавскиот театар ТР е еден од најзначајните полски театри, и тоа не само поради своите изведби, туку и поради политичката и социјална ангажираност. Ова е само дополнување на акциите кои ги има организирано, како пункт за собирање донации кој е отворен 24 часа во самиот театар.