Bookbox

Една шише фрлено во море, неколку реченици на хартија и милиони километри неизвесност. Пораките во шише одамна се дел од романтичните приказни и филмовите, но зад нив стои и нешто подлабоко - човечката потреба да оставиме трага, да воспоставиме контакт или едноставно да веруваме дека некој, некаде, ќе нè пронајде.

Филмовите инспирирани од античките митови и епови речиси секогаш отвораат прашања за тоа кој има право да ги раскажува и како треба да изгледа нивното современо претставување. Новата филмска адаптација на „Одисеја“ на Кристофер Нолан не е исклучок. Наместо разговорите да се водат околу продукцијата, вниманието се насочи кон едно друго прашање: зошто во приказна што се промовира како грчко културно наследство речиси и да нема грчко присуство?

Од ризницата на древните лажни вести: Александар Македонски и Кипар

Историјата на Александар Maкедонски е исполнета со битки, освојувања и легенди што со векови ја замаглуваат границата меѓу фактите и митот. Колку повеќе растела неговата слава, толку повеќе приказни почнале да се плетат околу неговото име - некои вистинити, некои преувеличени, а некои целосно измислени. Една од нив е и приказната за неговата наводна посета на Кипар и необичното крунисување на сиромашен градинар. 

Diei duri dox: професорот од 60-тите што ги преведувал Битлси на латински

Учењето странски јазици, дури и на наједноставните, не е лесно. Затоа наставниците со години бараат покреативни начини за приближување на јазиците до учениците — преку серии, стрипови, музика и популарна култура. Но што се случува кога станува збор за латинскиот, јазик кој многумина го доживуваат како далечен, строг и „мртов“? Еден британски професор нашол неочекуван одговор: Битлси.

Човекот што го барал изворот на младоста, а ја нашол - Флорида

Ако постои историска награда за најдолговечна легенда, тогаш онаа за изворот на младоста сигурно би била меѓу фаворитите. Со векови луѓето сонуваат за магично место што ќе ги подмлади, а името на Хуан Понсе де Леон речиси неизбежно се појавува секогаш кога ќе се спомне оваа приказна. Но зад митот за вечната младост се крие многу покомплексна и поинтересна личност - војник, истражувач, колонизатор и човек чиј живот бил исполнет со потрага по нови земји, богатство и слава. 

„ВКУС НА ЧАЈ“ од Брајан Гловер

Велат дека вистинските љубители на чај него го пијат без оглед на годишното време. Иако се вбројувам во нив, за мене сезоната на чајот сепак почнува кога го прередувам шифоњерот за на дофат да ми бидат џемперите, кога на околните куќи почнуваат да им чадат оџаците, кога фротирката ја заменувам со дебело ќебе, и кога потребата за малку човечка топлина од излитена метафора станува акутна потреба.Со еден збор, мојата сезона за пиење чај почнува токму – сега.

РОБЕРТ ПЕРИШИЌ: „БУКОВСКИ ВО МАКЕДОНИЈА БИ ОСТАНАЛ ПОШТАР“

Непосреден повод за ова интервју со познатиот хрватски писател и новинар е неговата неодамнешна иницијатива за подобрување на статусот на писателската фела во неговата земја, особено кога станува збор за државните субвенции, кои за пистелите во Хрватска едноставно ги нема.

„ДНЕВНИКОТ НА ЕВА“ oд Марк Твен

Неодамнешната вест, дека после повеќе од сто години една провинциска библиотека од Чарлтон, Масачусетс, конечно ја укинала забраната за издавање на книга на Марк Твен, го сврте вниманието кон ова негово подзаборавено дело, напишано четири години пред смртта.

„Зен и уметноста на поправање мотори“ од Роберт Пирсиг

„А што е добро Федар,
и што не е добро -
треба ли тоа некого да го прашаме
за да ни каже?"

Платон, Федар или За убавината

БОУВИ ВО СЛИКОВНИЦА

Инспирирана од Кјубриковата „Одисеја во вселената", Space Oddity стана позната откако BBC ја искористи како музичка илустрација на директниот пренос од слетувањето на Аполо 11 на месечината, и тоа само неколку дена по нејзиното издавање. И покрај иконичноста на ликот на мејџр Том во популарната култура на 20. век, она што сигурно не го очекувавме е дека овој астронаут, осуден да го мине животот лебдејќи во лимена конзерва некаде во вселената, ќе стане лик од детска сликовница.

Среќна независност, или совети за тоа како прво се станува човек, па цел народ

Наместо честитка, познатата песна на Ридјард Киплинг, но овој пат прочитана во понаков клуч. Националните вредности се збир од секоја од нашите поединечни доблести. Ако успееме да ги послушаме советите на поетот, и нив да им ги пренесеме на новите генерации, тогаш наша ќе биде Земјата и сè на светот, а најважно од сè - ние ќе бидеме Луѓе, народе мој..

ФИЛИП ЛЕВИН - поетски лауреат на САД за 2011/2012 година -

Додека го пишувам ова завршуваат јубилејните, 50. Струшки вечери на поезијата. Не знам дали некој се обидел да процени, преку некаква анкета, истражување или едноставен разговор, дали и колку оваа манифестација повлијаела на животите на Стружани, растени со идејата дека нивниот град е поетска мека, а Струшките вечери автентичен македонски бренд.

ПАТРИОТСКА ЛИТЕРАТУРА СО ЧОВЕЧКИ ЛИК или дали ќе беше подобро војниците на Саумил да имале и трето око

„Дисидентството е највисока форма на патриотизам" е изрека која традиционално му се припишува на Томас Џеферсон, иако е најверојатно на современиот американски историчар Хауард Зин.

- ПОДЈАРМЕНИ ВО ПРЕВОДОТ - или зошто во издаваштвото е добро да си сопствен шеф

На издавачите во Македонија не им е лесно. Реалниот пазар на книги е помал од Зелено пазарче, ама густо населен со тезги. Тиражите се мали, печатењето скапо, изворите на дотации во земјата минимални.

„ТРИ НАПРЕД, ТРИ НАЗАД“ од Јовица Ивановски

„Земете го зборот пеперутка. За да го употребите не е нужно вашиот глас одеднаш да тежи помалку од грам, или да му закачите мали правливи крилца. Не е потребно да измислите сончев ден, или поле со нарциси. Не е неопходно да бидете вљубени, или да сте вљубени во пеперутки. Зборот пеперутка не е вистинска пеперутка. Постои збор, и постои пеперутка. Ако ги помешате овие две работи луѓето ќе имаат право да ви се смеат. Не му придавајте толку значење на зборот. Тој е само податок. Тој не е можност да лебдите, да се извишите, да се спријателите со цветовите, да симболизирате убавина и кршливост, или да имитирате пеперутка. Не ги глумете зборовите. Никогаш немојте да ги глумите."

Леонард Коен, Како да се говори поезија

„ВОВЕД ВО СМЕШЕН ТАНЦ“ од Роберт Перишиќ

Има нешто, и историски и актуелно, што од Медитеранот прави митско место. Средиште на земјата, средо-земје и на словенски и на грчки и на латински, лулка на древни цивилизации, почетна точка на големите географски откритија, легло на ренесансата - место кое се памети по изгореници, запарни камп-приколки и тинејџерски летни љубови.

„ТОРТАТА НИЗ ПРОЗОРЕЦ“ - поетска збирка од десет автори, Гостин-уредник: Иван Шопов

Вести од Србија. Не, не се работи за Ратко Младиќ, спорот СПЦ – МПЦ, или за гостување на некоја силиконеста турбо – мега – ѕвезда, туку за нешто пофино. За книга, на пример. Десет автори на возраст од луди млади години (кој помалку, кој повеќе) на едно место, помеѓу две корици. Меѓу нив и јас и Ѓоко Здравески, преведени на српски.

„ГЛАВА ЗА СЕБЕ: културна историја на пенисот“ од Дејвид М. Фридман

Додека го пишувам ова на скопскиот плоштад се поставува споменикот на воинот, за кој многумина се колнат дека потсетува на Александар Македонски.

„ЦРВЕНО И ЦРНО“ (збирка колумни) од Борис Дежуловиќ

Кога пред изборите слушнав дека се составува листа на потенцијални пратеници предводена од професор по филозофија и од колумнист, искрено се израдував.

„ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ЗМЕЈ“ од Стиг Ларсон

Да си бестселер кој се продава во милиони копии, и со месеци да ги заземаш првите места на листите на најпродавани на различни географски широчини, тоа би требало да значи дека твојот автор добро го познава вкусот на „широката читателска публика". Но и дека тој, или неговиот уредник, вешто успеваат да ги прилагодат твојата содржина, стилот и ликовите за тие сепак да не изгледаат преповршно и навредливо за просечната интелигенција на просечниот читател, кој главно се пали на разводнети трактати за смислата на животот, мистерии и многу секс, но сака да верува дека чита „добра литература".

„КРАЈ-ПАТ“ од Игор Анѓелков

Стотото издание на Букбокс сакавме од патриотски побуди да го посветиме на македонски автор, и тоа таков кој ги поседува квалитетите кои оваа рубрика се обидува да ги промовира – да е непретенциозен но убедлив, опуштен но буден, искрен но не вулгарен, речит, но да знае за доста.

„ПРЕДАТОР“ од Владимир Арсенијевиќ

(внимание – некои од опишаните сцени можат да ја вознемират малолетната публика и да предизвикаат мачнина)

ПОЕЗИЈА од Дон Ван Влиет (Кептен Бифхарт)

„Кептен Бифхарт слушаше со неговите очи, и гледаше со ушите. Чудесен, таен, и длабок, тој беше божествено суштество од највисок ред. Го опишуваше неописивото — да беше коњ ќе беше од оние дивите."
Том Вејтс

„ТОЧКА НА ПРЕСВРТ: КАКО МАЛИТЕ НЕШТА МОЖАТ ДА НАПРАВАТ ГОЛЕМА РАЗЛИКА“ од Малком Гладвел

Чудно е колку историски „собитија" можат да се зипуваат во седумте дена од еден до друг Букбокс, и да ни создадат чувство дека навистина живееме во време на космички значајни настани и неочекувани пресврти.

„БЕН-ТОВИТ“ од Леонид Андреев

Има нешто вознемирувачко во овој краток расказ на Леонид Андреев, руски писател од почетокот на дваесетиот век, особено ако се чита воочи Велигден. Петок е, и во ерусалимското маало во кое живее трговецот Бен-Товит владее голема возбуда.

„ПРАШАЊА“ - поезија од Александар Станковиќ

Да не се даваше во недела во 2, истоимената емисија на Хрватската телевизија може слободно да се вика и „Точно на пладне": Александар Станковиќ, со гарикуперовски израз на шериф-праведник, смирено го прелистува бележникот, секој миг подготвен да повлече.

Диктатори, ем писатели

Додека со пар пријатели седевме во ресторанот на Саемот, конзумирајќи го најдоброто од годинешнава книжевна понуда во вид на поховани тиквички, овчи кашкавал и потпечено лепче, некој раскажа за локален тип кој со своите четириесетина години, полно работно време, деца, жена и куче, досега успеал да напише и издаде единаесет книги, и тоа од подебелите.