Оваа сигурно не е од оние топли и слатки детски книги, во кои Том среќно би се вратил дома кај жената, кокер шпаниелот и децата, и до крајот на животот би прскал низ двор, носталгично гледајќи во небото ноќе, кога е ведро. Но и покрај „светската тага" на стиховите на „Вселенската необичност", чувство кое наводно може да ја вознемири малолетната публика, авторот на сликовницата, Канаѓанецот Ендрју Колб, очигледно им фрлил толкав мерак, што едноставно морал да ги илустрира.
Книгата во август оваа година беше поставена на неговиот сајт како пдф за бесплатно симнување, и за кратко време стана интернет сензација, рамо до рамо со уште една сликовница за деца – „Иди спиј" (Go the Fuck to Sleep), која се најде на бестселер листата на Амазон многу пред да биде објавена на хартија, заради пиратската верзија која се појави на мрежата. За жал, Колб изгледа ќе мора да интервенира во текстот, бидејќи сопственикот на стиховите (не сфатив баш дали е тоа самиот Боуви) побарал сликовницата да не биде објавувана на хартија додека не се подмират авторските права.
Како и да е, крнете ги протеинските апчиња, ставете ја кацигата, пуштете си ја песната, и следете ги цртежите во нејзиниот ритам. Одеднаш ќе се почувствувате како Том во неговата лимена конзерва, како од високо ја гледате сината, и помалку тажна Земја.
Аnd there's nothing you can do...