АКО
Ридјард Киплинг
Ако можеш да останеш присебен
кога сите околу тебе ја губат главата
и те обвинуваат за тоа;
Ако можеш да си веруваш себеси
кога сите се сомневаат во тебе
и да не замериш за тој сомнеж;
Ако можеш да чекаш
а да не се умориш од чекање;
Ако си излажан, да не лажеш
ако си омразен, да не мразиш,
сепак немој да изгледаш премногу добар
ниту да зборуваш премудро.
Ако можеш да сонуваш - а соништата да не те загосподарат;
Ако можеш да мислиш - а целта да не бидат мислите;
Ако можеш да се сретнеш со триумфот и со поразот;
и еднакво да се однесуваш кон тие двајца измамници.
Ако можеш да поднесеш да ја слушнеш вистината што си ја кажал
која изобличена од злобници станала стапица за наивните;
Или да ги видиш скршени работите на кои си им подарил живот,
да се наведнеш и да ги изградиш повторно со стариот алат.
Ако можеш да ги собереш своите победи
и да ризикуваш да ги загубиш сите со еден удар;
Да се вратиш одново на почетокот,
и никогаш да не проговориш за својата загуба;
Ако можеш да го принудиш срцето, и нервите, и дамарите
да ти служат долго откако ќе заминат,
и да истрајат кога ќе нема ништо во тебе
освен желбата која им вели: Држете се!
Ако можеш да зборуваш со толпата и да ја зачуваш доблеста;
Да бидеш покрај кралеви, а да не го загубиш допирот со скромноста;
Ако ни непријателите ни пријателите не можат да те повредат;
Ако сите луѓе сметаат на тебе, но не премногу;
Ако можеш да исполниш една незаборавна минута
со шеесет секунди скапоцена содржина -
Тoгаш твоја е Земјата, и сѐ на неа свет е твој,
и најважно од сѐ - ти ќе бидеш Човек,
Сине мој.
СРЕЌЕН ПРАЗНИК!