Bookbox

Зборовите што денес ги сметаме за учтиви, неутрални и општествено прифатливи често по неколку децении добиваат поинакво значење и почнуваат да звучат навредливо, застарено или несоодветно. Затоа јазикот постојано создава нови изрази за истите појави. Лингвистите овој процес го нарекуваат „лента на еуфемизмите“ – бескрајно движење во кое старите зборови се заменуваат со нови, а потоа и тие со текот на времето го губат својот првичен ефект.

Речиси седум децении по нејзината смрт, мексиканската сликарка Фрида Кало не е само една од најпрепознатливите уметници во светот, туку и вистински културен феномен. Нејзиниот лик денес се наоѓа на маици, шољи, кукли, постери и безброј други производи. Токму оваа трансформација – од уметница во глобална икона и комерцијален бренд – е во фокусот на новата изложба „Фрида: Создавањето на една икона“ во лондонската Тејт Модерн.

Силвио Гацанига – уметникот кој го дизајнирал трофејот на Светското првенство

Кога Лионел Меси го крена трофејот на Светското првенство во 2022 година, тој момент за него и за милиони навивачи беше влез во фудбалска вечност, како што претходно било за легенди како Диего Марадона, Зинедин Зидан, Роналдо Назарио и Бастијан Швајнштајгер. Но, златниот трофеј чие кревање предизвикува транс не бил отсекогаш истиот.

Некои од најпознатите ривалства помеѓу татковци и синови во историјата

Од античкиот Рим до средновековна Англија и царска Русија, историјата е полна со драматични конфликти меѓу татковци и синови. Борбите за власт, различните карактери, љубомората и амбициите честопати ги претворале семејните односи во вистински политички и лични пресметки. Некои од овие судири завршиле со бунтови, предавства, па дури и смрт, оставајќи длабока трага во историјата. 

И со „траума“ се претера

Што всушност значи терминот „траума“? Денес тој се користи многу почесто отколку порано – за тешки животни настани, но и за секојдневни разочарувања, стресови и непријатни искуства. Летвичката за тоа што се може да биде траума е толку спуштена, што излегува дека и најмало непријатно искуство го заслужува овој опис.

22 совети за добра приказна

Во секој муабет околу некакви „правила" за добро пишување ќе се најде некој кој ќе потсети дека најголемите книжевни дела ги напишале автори кои токму таквите правила ги кршеле. Искуството покажува дека некои совети околу раскажувањето сепак би требало да се послушаат. 

Маките на Тери Гилијам

Aко не сте го гледале „Бразил" на Гилијам („Страв и омраза во ЛА", „Имагинариумот на д-р Парнасус") веројатно е време тоа да го направите. Мешавина на научна фантастика и сатира, тоа е приказна за еден тоталитарен свет, сличен на оној во Орвеловата 1984-та, но со многу црн хумор.

Мајсторе, пошто освртот?

Она што во Македонија сè уште не сме го усовршиле како маркетинг aлатка се оние кратки „осврти" на кориците (таканаречени blurbs), кои често ја продаваат книгата, особено ако таа е од автор за кого слушате прв пат.

„Не можеш бе наш човек да заебеш!"

Балканските народи можеби негуваат меѓусебна омраза, ама околу едно се согласни: модерните државни системи се најголемиот душман на „нашиот“ човек, митолошкиот бог на измамата. Целата историја на таканаречениот напредок, е завера како тој да се заебе. Избор на антологиски примери во кои тој - јунакот - го возвраќа ударот.

Дали навистина постоело „златно време" на книгата?

Со замената на хартиеното издаваштво со електронско се губи една цела култура на читање и живеење - кукаат конзервативците и носталгичарите. Ајде да ги преброиме книжарниците кои постоеле во тоа ваше „златно време", велат прагматичарите.

40 години „Алан Форд" на Балканот

Сценаристот Лучијано Секи и цртачот Роберт Равиола, попознати под псевдонимите Макс Бункер и Магнус, во мај 1969. во Италија го покренаа стрипот „Алан Форд". Во бивша Југославија во 1972. загребски „Вјесник" го објави првиот број на српскохрватски јазик.

Кога „пали" ќе стане „ќоше"

Не дека во книгите на хартија нема грешки (во некои и повеќе од една), ама ваква ни е тешко да замислиме.

„Мртовечницата" под Њујорк Тајмс

Две нивоа под бучните улици во близина на Тајмс Сквер, откако ќе поминете покрај цевки кои протекуваат, по ходници осветлени со јаки неонки и низ блиндирана врата, ќе влезете во чуден магацин.

Протеини и поезија

Што се случува кога еден бодибилдер ќе се сретне со острата поезија на Дамир Авдиќ? Прво ќе се разгневи, а потоа ќе му се присака ракија и ќе му дојде да пцуе. Чаре: фикциотерапевт и забрана за поезија.

РЕЈ БРЕДБЕРИ (1920-2012)

Кога пристигна првиот твит за смртта на Реј Бредбери, бев во недоумица дали е вистина. Мојата потреба да се консултирам околу прашањето пред да ја објавам веста беше благо исмеана - зошто некој би имал потреба да кривотвори умирачка на дедо од 91 година?

Древни совети за победување на избори

Квинтус Цицерон е првиот политички консултант - неговите совети за водење кампања, кои ги напишал за брат му Марко, до скоро им беа познати само на класичарите. Неодамна се објавени во нов превод на англиски, под наслов „Како се добиваат избори".

Сонувањето со отворени очи е корисно!

Луѓето не се разликуваат од животните по исправениот ôд, или по тоа што користат симболи. Ние, во основа, сме сонувачи. 

За Колин од чичко Том

На 6. јуни 2006 Том Вејтс му напишал писмо на 15-годишниот Колин, од градот Палестајн, Илиноис. Секогаш ми доаѓа фино кога ќе видам писмо пишувано на рака, а не е од предминатиот век. Денес момчето има 21, и се надевам ги послушал добрите совети на чичко Том.

Во Грција децата живеат со родителите до 30-тата, а после се селат на горниот кат

Историски се познати случаи кога економската криза во некое општество поттикнува културен подем. Нешто слично последниве години се случува со грчкиот филм.

Окупирај го БИГЗ!

Некогашната зграда на БИГЗ (Београдски графички издавачки завод), едно од најпознатите архитектонски остварувања на модерната на Балканот, е изградена во форма на буквата П, како имитација на машина за куцање. Најновите настани кои се случија во оваа зграда повеќе ѝ даваат облик на безбол палка.

Камбаните бијат за Марија

Жената која го инспирирала Хемингвеј за еден од главните ликови во „За кого бијат камбаните" почина на 91 година.

Поетот на пијано

На денешен ден, 5. јуни, е роден Федерико дел Саградо Корасон де Хесус Гарсија Лорка, нам најпознат како поет. Покрај сите интересни факти од неговиот бурен живот, еден изгледа неоправдано занемарен - дека бил страствен пијанист.

Едно бенџо и една жена

Eбигејл Вашбрн завршила источно-азиски студии, живеела некое време во Кина, и планирала да стане правник и да ги подобрува односите меѓу оваа земја и Америка, преку спроведување „системски реформи во кинеското судство". Ама...

Малиот голем композитор

Како би ви било да имате 10 години, и музичкото парче кое сте го компонирале да го свири Њујоршката, или, зошто да не, Македонската филхармонија?

„Аман веќе од луѓе!“

Пред неколку дена во Музејот Смитсонијан во Вашингтон заврши изложбата „Аџилак" на Ени Либовиц, за веднаш потоа да се пресели на фестивалот Чарлстон во Британија. Жената која стана славна со нејзините портрети на славните, кои беа објавувани во престижните Ролинг Стон, Вог или Венити Фер, престанала да фотографира луѓе.

Така зборуваше Ким

Иако не е плава, не сака да мислат дека е глупава. Еве ги работите кои Ким Кардашијан (наводно) ги направила во последно време за да биде ко читателките на Букбокс.

Лажните споменици на стариот континент скапуваат

Ајфеловата кула р'ѓосува, а лондонскиот Тауер бриџ наскоро ќе падне. Добро, не вистинските.

Во Лондон катанец, во Сараево редици за книга

Деновиве наидовме на две вести кои ако светот се третира ко глобално село, подложно на горе-долу истите трендови, се контрадикторни. Библиотека во Лондон се затвора, а една во Сараево не може да постигне да ги зачлени сите заинтересирани.

„ХИЧ 22“ од Кристофер Хиченс

Ми се чини дека ниту една друга смрт во современата култура не била толку будно следена, и на некој бизарен начин очекувана, од онаа на Кристофер Хиченс.