Иако се претпоставува дека снимки од неговото музицирање имало многу повеќе од она што денес се наоѓа во архивите, сочувани се оние каде тој свири придружба на неговата пријателка Ла Аргентинита, која пред да го сретне Лорка била успешна фламенко танчарка.
Нивната соработка започнала кога тој ја поканил да учествува во неговата прва театарска претстава, „Клетвата на пеперутката" која опишува неостварлива љубов меѓу лебарка и пеперутка. Иако претставата доживеала фијаско и била забранета, пријателството помеѓу него и Аргентинита продолжило. Лорка аранжирал неколку популарни шпански песни за пијано, од кои десет биле издадени на плоча и доживеале огромен успех. Еве една од нив, како и песната Take This Waltz на Леонард Коен, направена врз основа на стихови на Лорка - Коен толку многу ја сакал неговата поезија што ќерката си ја крстил по него.