Се работи за огромни реплики на овие градби кои се наоѓаат во некогаш масовно посетениот тематски парк во Шпанија, чии сопственици веќе не можат да го одржуваат. Паркот „Европа" бил отворен во 2010., по неколку години интензивни градежни зафати. Содржи 17 имитации на славни европски градби, но сега самиот станува споменик на долгот во кој пропаѓаат шпанските власти и на генералната криза во Европа. Општината Торехон, каде се наоѓа паркот потрошила 18 милиони долари за изградба на паркот, кој вклучува и антички амфитеатар и викиншки брод.
Голем проблем е и огромната сметка од 250,000 долари за вода, за да се одржи зелена инаку пустинската област, како и за да функционираат огромната фонтана (ди Треви?) која се наоѓа во паркот и вештачкото езеро кое веќе станува бара.
Кај имаме толку многу, што ни прават разлика уште 17? Баш фино ќе легне викиншкиот брод под Камени.