Таг: парк

Je suis туристи

Француско семејство на тура низ сафари парк, а притоа наштелувани како да се во Дизниленд. Од муабетот во клипот разбравме само „Oh my god,“ „What the fuck,“ и „Jesus“, и ние отприлика сме на ист памет. П.С. тие што ќе ги видите се оригинал гепарди, ниту дресирани, ниту на апчиња за смирување.

До каде е паркот на Дизни од 2 милијарди долари

Компанијата во април 2016 почна со изградба на Ѕвездени војни паркот во Калифорнија со површина од 56 илјади метри квадратни. Буџетот му е 2 милијарди долари, и деновиве прв пат објавија како напредуваат по речиси 2 години работа. Треба да биде готов во 2019.

4 во 1: И споменик и парк и мир и цвеќе

Неодамна на гробиштата на Сапоро (главниот град на Хокаидо), беше отворен споменикот на Буда изработен од јапонскиот архитект Тадао Андо. Будата е висок 13,5 метри, а и покрај тоа успева никако да не штрчи од околината, туку напротив некако многу природно легнува.

Андерлехт се спрема за Манчестер во паркче

По ручекот, фудбалерите на белгискиот шампион во пресрет на реваншот со Јунајтед на „Олд Трафорд“ решиле да се загреваат во локалниот парк.

Композиции за дрвја, птици и косилка

Kомпозиторката Аби Арсти во тек на една година ги снимала природните звуци на паркот Арборетум во Сиетл. Резултатот: музички парчиња полни птичји црцорења, чекори по камчиња и жубор на потоци.

Лажните споменици на стариот континент скапуваат

Ајфеловата кула р'ѓосува, а лондонскиот Тауер бриџ наскоро ќе падне. Добро, не вистинските.