Советот на лондонскиот реон Брент (северозападен Лондон), одлучил да ја затвори библиотеката Кенсал Рајз, која во 1900. ја отворил лично Марк Твен. Причините се 'обични': библиотеката е речиси без читатели, а нејзиното одржување оттаму е скапо за буџетот на локалните власти.
Интересно е што оваа институција е отворена по повод шеесетата годишнина на владеењето на кралицата Викторија, а се затвора во година кога се одбележува ист таков јубилеј на нејзината внука, кралицата Елизабета Втора.
Во исто време на не толку далечни географски координати, јавната установа Библиотека Сараево запишува 3000 (и со букви: три илјади) нови членови за еден ден. Интересот бил толку голем што довел до тоа голем број нови членови да замине дома - без книга. Пред библиотеката се формирала долга редица, од средношколци, пензионери, но и деца од предшколска возраст. Причината за ваквата гужва навидум банална - тој ден запишувањето во библиотеката било бесплатно. Комбинирано со добриот избор на книги по сечиј вкус и потреба, можеби ова е добитната комбинација за одржувањето на интересот за библиотеките. Кога е гага, и книгата е слатка. Барем на Балканот.