На некоја забава го чула бенџото на Док Вотсон - тогаш одлучила дека тоа ќе биде инструментот кој ќе го понесе со себе во Кина, како нешто што е „вистински американско", и кое ќе ја потсетува на дома.
Патувајќи низ САД и учејќи ги традиционалните песни се нашла на меѓународна 'блу грас' конвенција. Откако ја чул како свири, ѝ пришол продуцент и ја поканил да дојде во Нешвил, и да сними плоча. Тогаш се откажала од патувањето во Азија и реформистичките зафати, и се фатила за музиката. Но Кина никогаш не ја заборавила. Во овој говор на Ебигејл на ТЕД чујте како добро звучи комбинацијата на бенџо и стихови на кинески, и колку музиката навистина нема граници.
Се изненадив кога пребарувајќи ја песна од Док Вотсон која е спомената во говорот дознав дека овој славен американски фолкер, кој имаше седум Греми награди, како и онаа за животно дело, починал пред неколку дена. Имаше додуша 89. години. Еве го со Shady Grove, и уште една, You Don't Know My Mind, која ја има обработено и Хју Лори (д-р Хаус).