Марија Санс го запознала писателот кога работела во теренска болница како медицинска сестра-волонтер, грижејќи се за меѓународните бригади во текот на Шпанската граѓанска војна од 1936-39.
Таа се заљубила во швајцарски волонтер кој им се придружил на републиканците кои се бореле против генерал Франко, откако го негувала како раненик. Но нивната врска била прекината кога меѓународните бригади се повлекле од фронтот.
Госпоѓа Санс била инспирацијата за ликот на Марија во познатиот роман на Хемингвеј, улога која во истоимената холивудска адаптација на книгата од 1943. ја игра Ингрид Бергман во пар со Гари Купер.
Хемингвеј, кој како новинар известувал од конфликтот, ја прикажал Марија како убава несебична млада жена која се заљубува во војникот Роберт Џордан, кој во романот завршува трагично.
Вистинската Марија целиот живот одржувала контакт со писателот, а нејзината поврзаност со ликот од романот ја открил каталонскиот истражувач Агапито Борас.