На денешен ден

За Колин од чичко Том

На 6. јуни 2006 Том Вејтс му напишал писмо на 15-годишниот Колин, од градот Палестајн, Илиноис. Секогаш ми доаѓа фино кога ќе видам писмо пишувано на рака, а не е од предминатиот век. Денес момчето има 21, и се надевам ги послушал добрите совети на чичко Том.

Колин,

Ти си од Палестина? Како најде време да ми пишеш..со оглед на сите маки што ги имате со Израел? Фино што се јави, сестра ти има добар вкус, а исто така и ти. Дозволи ми и официјално да те охрабрам да си ги запишуваш работите, па кога ќе успееш во животот ќе можеш да кажеш, а и јас ќе можам да кажам, дека цело време сум бил од твоја. Фала ти за сите љубезни зборови, секогаш е убаво кога слушам од младата генерација дека вредам и дека сум релевантен. Биди така Колин. Голем број големи луѓе потекнуваат од Илиноис, затоа што таму е толку рамно што мораш да замислиш сè, така вика жена ми...таа е од таму, и исто така многу претседатели се од Илиноис. Ок, Колин, излези и фати го зборот за опашка, потегни го, згужвај го, и стави си во в џеб.

Срдечно,

Том Вејтс

6 јуни 2012 - 15:14