
Како што известува филозофски настроениот таблоид Сан, Ким:
- почнала да го чита Ниче, затоа што тој му бил омилен на дечко ѝ, Кање Вест;
- зела да ги следи ударните вести, особено оние на Си-ен-ен;
- најмила дилер, на уметнички дела, за да ѝ купи дело од њујоршкиот графити-уметник Жан-Мишел Баскијат.
Толкувајќи ја оваа вест за само уште еден подмолен обид за деградација на една убава и богата (читај: моќна) жена како што е Ким од оние кои ѝ завидуваат, го поздравуваме нејзиниот избор на филозофска лектира, со една од Ниче: „Има повеќе мудрост во твоето тело, отколку во твојата најдлабока филозофија".