Bookbox

Во време кога вештачката интелигенција сè повеќе навлегува во научните истражувања, се поставува клучно прашање: што ако ВИ почне да открива знаење што луѓето не можат да го разберат? Како што шаховските компјутери одамна ги надминаа играчите, така и ВИ-системите би можеле да ја надминат човечката наука – но по цена на разбирливоста. А она што не може да се разбере, колку и да е корисно, не може ни да се примени.

Британското кодно име му било Гарбо. Германците го воделе под Аларик. Бил обичен селанец, кој поттикнат од својата омраза кон фашизмот самиот - без да биде „регрутиран“ од никого - почнал да шпионира за Британците. Одиграл клучна улога во успехот на Ди-деј во текот на Втората светска војна, иако за малку сопругата ќе ги расипела плановите, а со тоа ќе го променела и текот на историјата.

Зошто медицинските драми се толку привлечни?

„Ургентен центар“, „Доктор Хаус“, „Oва ќе боли“, „Добриот доктор“ или „Д Пит“. На првa, не изгледа особено привлечно да се гледа серија што го следи секојдневието на лекарите: медицински термини, повреди, крв, неизвесност и смрт. Сепак, високата гледаност и долгите сезони на овие серии покажуваат дека публиката е заинтересирана, дури и опседната. Зошто?

Букбокс гледанка: „Шведската врска“ (2026)

Филм на Нетфликс кој ја прикажува комплексната положба на Шведска за време на Втората светска војна. Во центарот на приказната е навидум обичен службеник во Министерството за надворешни работи, Геста Енгзел, кој постепено станува свесен за ужасите што нацистичкиот режим ги спроведува врз Евреите во Германија и окупираните територии. И одлучува да стори нешто во врска со тоа.

Праведно може да се владее само од блиску

Еден индиски мислител, како критика на моделот на британско владеење со неговата земја, развил теорија дека власта, за да има разбирачка за проблемите на луѓето со кои владее, мора да живее меѓу нив и со нив, а не да раководи само преку долгата рака на администрацијата. Неговата клучна порака била едноставна, но радикална: моќта мора да биде видлива, блиска и одговорна.

Лажната епидемија што спасила илјадници животи

Двајца полски лекари за време на Втората светска војна исценирале епидемија на тифус. Со инјектирање безопасни, мртви бактерии од видот протеус, кај здрав човек можело да се предизвика позитивен резултат на тестот, идентичен со оној кај вистинска инфекција. Ова значело дека на хартија, според германските лаборатории, пациентите биле „заразени“, иако во реалноста биле целосно здрави. Лекарите сфатиле дека ова откритие може да се искористи како оружје против окупаторот.

Почина Ерих фон Деникен, човекот кој веруваше дека боговите биле астронаути

Швајцарскиот автор кој со своите книги за „античките астронаути“ го одбележа популарното разбирање на историјата, религијата и вонземскиот живот во втората половина на 20 век, почина на 90-годишна возраст. За милиони читатели ширум светот, тој беше симбол на една смела и контроверзна идеја: дека боговите од старите митологии всушност биле посетители од други планети.

Надуени глави и атрофирани гради: за што всушност зборува К. С. Луис во „Укинување на човекот“?

„Во еден вид морничава едноставност го отстрануваме органот, а ја бараме функцијата. Создаваме луѓе без гради, а од нив очекуваме доблест и иницијатива. Ѝ се потсмеваме на честа, а потоа сме згрозени кога ќе откриеме предавници меѓу нас. Кастрираме, па им наредуваме на кастратите да бидат плодни.“

Што е тоа „Митридатизам“ и дали навистина функционира?

Ако барате историска личност што изгледа како да излегла од „Палп фикшн“, тогаш Персиецот Митридат Шести е вистинскиот избор. Тој бил крал на Понт (во денешна Турција) и важи за еден од најлукавите и најопасни противници со кои некогаш се соочила Римската империја. Според легендата, (по нашки) Митре со години намерно внесувал мали, нефатални дози отрови за да го навикне своето тело и да стане имун на нив. Спојлер: кога решил да се убива, токму овој имунитет не му го дозволил тој луксуз.

Како сте затоплувале зиме средовековните монаси во Европа?

Во средниот век, при изборот на место за манастир, монасите внимавале тој да биде во близина на вода и шума. Ова често го спомнуваат и самите средновековни хроничари. Водата била неопходна за миење, хигиена, пиење, подготовка на мастило и градежен малтер, а дрвото – за градење и, секако, за огрев. 

Како да не ви се збајати ентузијазмот на „новиот почеток“

Секој јануари носи чувство на вртење нова страница. Во канцелариите се појавуваат тазе испечатени календари, на состаноците се отвораат чисти нотеси, а списоците со задачи изгледаат поуредно и поамбициозно. Постои колективна надеж дека овојпат навистина ќе биде поинаку. Но, веќе во февруари, ентузијазмот почнува да стивнува, а многу од тие планери остануваат напола празни. Често ова го припишуваме на недостиг од дисциплина, но психологијата нуди понијансирано објаснување.

Букбокс гледанка: „Еретик“ (2024)

Да се раководевме само од жанровскиот опис на овој филм, кој се води како хорор, никогаш немаше да го пуштиме. За среќа некој внатрешен глас ни кажа дека тука може да има поинаков штоф. Останува да (ни) верувате. 

Букбокс друштвена игра: „Илијада“ или како да ја добиеш наклонетоста на боговите?

Празничниов период е измислен за навраќање на игри што фатиле прашина на полици но и за подарување (или добивање на подарок) нови. Оваа игра за двајца е инспирирана од древен еп, но може да биде за каква и да е битка помеѓу два спротивставени табори. Во случајов Ахајци наспроти Грци, кои се борат за наклонетоста на каприциозните богови. Забелешка: текстот е напишан по загубена партија, бидејќи се играше во тоа.

Билитис - контроверзната поетеса која никогаш не постоела

Во Париз во 1894 излегува збирка еротски песни, за кои се тврдело дека се превод од старогрчки, реконструирани од остатоци најдени на ѕидовите на гробница на Кипар. Поетесата наводно била куртизана и современичка на Сафо. Експертите се навлекле, јавноста почнала да се крши копја околу „скандалозната“ содржина. А Билитис немала гајле, бидејќи всушност била - измислена.

Бејбишам – пенливото вино од круша што нудело „шампањски“ живот по ниска цена

Што да се направи за да се подигне моралот на жители кои тукушто поминале низ траумата на војната? Британија по Втората светска имала решение - алкохол кој делува аристократски, но е достапен за „широките народни маси“.

Во Уганда „видео-џокеи“ коментираат холивудски филмови на масовни пиратски проекции

Ако влезете во нешто што се вика „видео-сала“ во Уганда, веднаш ќе ви го привлече вниманието човек што седи напред, свртен кон публиката. Тој зборува брзо во микрофон, гласно и непрекинато, често целосно го надгласува звукот на самиот филм. Зошто побогу постојано се меша во филмот што луѓето дошле да го гледаат на раат?

Можно ли е да се живее без оговарање?

Една меѓународна христијанска заедница, основана во Германија во 1920-тите, која промовира колективистички начин на живот инспириран од раното христијанство, веќе сто години се обидува да го искорени озборувањето и да промовира радикална отвореност во комуникацијата. Успешно? Па, не баш.

„Достоинство на жената“ - на какви женски доблести му го посветил Штраус својот валцер?

Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија секоја година ни отвора чакри да истражиме некоја тема поврзана со репертоарот. Оваа година нè поттикна композиција од Јозеф Штраус под име „Женско достоинство“. Зошто некој од лозата Штраус би му дал ваков наслов на своја композиција? Тука мора да има нешто...

Едно дело за тоа како да се биде среќен влезе во јавен домен - 95 години подоцна, дали „рецептот“ е ист?

Напишани се милиони зборови за тоа како да се биде среќен, што е истовремено и благослов и проклетство. Ако сте во потрага по совети, навистина не недостигаат мислења – од психолози, научници, „просветлени“ јавни личности. Но каде среде таа врева да се најде идеалниот рецепт? Бертранд Расел го кажал своето во дело посветено на концептот на среќа и како тој да се достигне пред речиси сто години и тоа е можеби местото од коешто може да се почне.

Како и да сте си поминале за Нова година, ваква вечера сигурно не сте имале

Новогодишната покана што ја добиле 20 мажи во декември 1853 година била навистина необична. Не само што oчигледно ниту еден од поканетите не требало да ја помине ноќта во придружба на сопругата или партнерката, туку и локацијата била мистериозна и гласела: „Во стомакот на еден игуандон“.

Букбокс книга на 2025-та, 2025, 2025...

„Временска јамка“ е автономен поджанр во книгите и филмовите кои го истражуваат феноменот на времето, „објективното“ и „субјективното“ - она мерливото и она проживеаното. Серија книги од данска авторка, започната пред да се појави фамозниот „Ден на мрмотот“, се одвива на еден ист датум, 18 ноември. И така тера во дури седум продолженија!

Сауни, електроника и воздушна гитара: финскиот град Оулу е Европска престолнина на културата за 2026 година 

Овој нордиски град и дигитален центар го доживува својот момент под (полноќното) сонце, нудејќи културни и уметнички настани, но и симпатична еклектична доза на апсурд. Културната програма за 2026 година, со буџет од 50 милиони евра, ќе се одвива на 39 локации и има цел да привлече до 2,5 милиони посетители.

За оние на кои им се преку глава славења „од предузеќе“

Студија што ги истражува врските меѓу нашите еволутивни потреби и чувствата на современите луѓе доаѓа до заклучок што за многумина и не е толку изненадувачки: додека повеќето луѓе се посреќни кога се опкружени со пријатели, оние со повисока интелигенција често се чувствуваат посреќно кога се сами. Просечниот мозок почива на надворешна валидација и племенското здружување за да испушти допамин, но високо развиениот ум си генерира внатрешна, сопствена стимулација.

Проблемот со радиоактивните ирваси

По нуклеарните тестирања за време на Студената војна, во арктичките региони се појавил сериозен и долгорочен проблем: радиоактивниот цезиум-137 се наталожил во ирвасите и карибуата, што поттикнало децении научни истражувања за нуклеарниот отпад и неговото влијание врз здравјето на луѓето.

Парите не се отепувачка: најосамените во светот се и меѓу најсиромашните

Многумина мислат дека осаменоста е проблем на богатите општества, каде што луѓето, трчајќи по пари и успех, ги жртвуваат социјалните врски. Но истражувањата покажуваат дека тоа не е точно. Напротив, западните, индивидуалистички општества – каде што повеќе луѓе живеат сами и религијата има помала улога – во просек се помалку осамени. Ова го покажува нова студија чии резултати ги објавува Економист.

Приказната за „дивото дете од Аверон“

Eдно од најинтересните изданија во годината што изминува е всушност повторено издание на книга од 1980-та. Таа раскажува приказна за 9-годишно дете пронајдено во дивина, кое ќе стане центар на она што подоцна ќе биде наречено „забранет експеримент“ – обид преку него да се реши вечната дилема за односот меѓу природата и воспитувањето: дали човекот се раѓа со вродени способности или е празна табла врз која искуството го испишува карактерот и умот.

Кога се искачаше по подруми

„Едно време се разминувавме со брат ми и неговите другари во подрумот, идевме на смени. Ама набргу брат ми ми го „препиша“ и останавме да го 'владееме' сами. Се играа карти, цигари и алкохол секако, се слушаше музика... Не се сеќавам, ама мислам дека не носевме гитари долу. Тапаните на Сале, органата на Трендо, моето старо искрино радио што Стив го преправи у појачало, гитарата јолана што ја купив од Данчо Габорот.“

Не се 5 сетила туку 33

Поминуваме голем дел од денот приковани пред екрани и најчесто ги занемаруваме сетилата освен видот и слухот. Но тие никогаш не престануваат да работат. Кога сме повнимателни, ги чувствуваме грубите и мазните површини околу нас, напнатоста во рамената, мекоста на лебот под прстите.

Електричниот накит и заборавениот гениј што го осветлил Париз

Париз веќе речиси два века е познат како „Градот на светлината“, симбол на Просветителството и технолошкиот напредок. Но историјата речиси целосно заборавила една од најнеобичните и најубави примени на светлината во париското општество од крајот на 19 век – електричниот накит.