Bookbox

Филмовите инспирирани од античките митови и епови речиси секогаш отвораат прашања за тоа кој има право да ги раскажува и како треба да изгледа нивното современо претставување. Новата филмска адаптација на „Одисеја“ на Кристофер Нолан не е исклучок. Наместо разговорите да се водат околу продукцијата, вниманието се насочи кон едно друго прашање: зошто во приказна што се промовира како грчко културно наследство речиси и да нема грчко присуство?

Тенисот отсекогаш бил спорт со необични правила и уште почуден речник. Поени како 15, 30 и 40, термини како „дјус“ и „предност“, како и фактот дека нула поени се нарекуваат „лав“, збунуваат. Како збор што обично го поврзуваме со романтика и чувства станал официјален начин да се каже дека некој нема освоено ниту еден поен?

Diei duri dox: професорот од 60-тите што ги преведувал Битлси на латински

Учењето странски јазици, дури и на наједноставните, не е лесно. Затоа наставниците со години бараат покреативни начини за приближување на јазиците до учениците — преку серии, стрипови, музика и популарна култура. Но што се случува кога станува збор за латинскиот, јазик кој многумина го доживуваат како далечен, строг и „мртов“? Еден британски професор нашол неочекуван одговор: Битлси.

Човекот што го барал изворот на младоста, а ја нашол - Флорида

Ако постои историска награда за најдолговечна легенда, тогаш онаа за изворот на младоста сигурно би била меѓу фаворитите. Со векови луѓето сонуваат за магично место што ќе ги подмлади, а името на Хуан Понсе де Леон речиси неизбежно се појавува секогаш кога ќе се спомне оваа приказна. Но зад митот за вечната младост се крие многу покомплексна и поинтересна личност - војник, истражувач, колонизатор и човек чиј живот бил исполнет со потрага по нови земји, богатство и слава. 

На 104 почина Едгар Морен, мислителот кој се спротивставуваше на едноставните одговори

Со заминувањето на францускиот интелектуалец, светот загуби еден од последните големи мислители на 20 и 21 век, кој речиси цел век посвети на борбата против поедноставувањето на светот. Неговото дело беше обид да се покаже дека реалноста никогаш не може да се разбере преку едноставни поделби, цврсти категории или една дисциплина сама по себе.

„Каде е бре тој гребен?“

Новиот список зборови кои би требало да се исфрлат од англискиот заради погрешна или претерана употреба е прилично долг. Предничи „фискален гребен", но на него се најде и еден во принцип убав збор.

U2 - New Year's Day

Сè е тивко на Нова година
светот во бело си тера по свое
Сакам да бидам со тебе дење-ноќе,
ништо не се менува на Нова година.

Дестинација од вашите кошмари

Во екот на рекламирањето на идеални места за да ги минете празниците, Економист во божикното издание излезе со необичен предлог: а зошто не би го посетиле - пеколот? Според описот во нивниот водич, таму е топло, (пеколно) забавно и полно со славни фаци.

Кога Дизни зборува за менструација

10-минутен филм во продукција на Дизни од 1946., наменет за прикажување во американските училишта, за кого се верува дека е првиот филм кога и да е кој во сценариото го содржи зборот „вагина". Тема: приказната за менструацијата.

Една песна, желби рој

Историски поетите често биле совест на човештвото, пророци или барем оние кои го вербализирале она што другите го мислеле, ама не можеле така убаво да го кажат. Последната Букбокс читанка оваа година нека биде со една таква песна од Јовица Ивановски, која ги одразува и нашите желби, поздрави и честитки.

Кога папараците се пред апаратот

Џесика Димок работела како фотограф во печатените медиуми, сведочејќи го нивниот постепен но сигурен пад. Она што го сфатила е дека фотографиите кои опстануваат и кои добро се плаќаат се единствено оние на - папараците.

Одговорот на „чуму?“

Околу Нова година сметките се сведуваат на повеќе полиња. Едно од нив е некакво космичко мерење на изминато количество добро и зло, со намерно нагласување на позитивните примери, што треба да ни даде надеж и да нè утеши. Еве еден таков.

Така зборуваше твитот на Ниче

Еден од Твитер феномените е објавување на постхумни твитови - цитати од славни автори. Во популарноста особено предничи еден мрчатор меѓу филозофите, кој успева кратко и јасно да го зипува она што другите не успеваат да го кажат ни во цели книги.

Начитаните Исланѓани

Додека во останатите делови од светот најпопуларните подароци за Божик и Нова година се менуваат, на Исланд со децении најподаруваната е -книга. Зошто?

Лижачка уметност

Вит Дешнер стои среде ливада во Орегон, неколку метри од црна крава која лиже големо парче сол. И ја надгледува дури таа создава - уметничко дело!

Цензура маскирана во „грижа за јазикот"

Oд извори блиски на Букбокс дознавме дека услов на МТВ за премиерно да го прикаже „Прашина" на Милчо на јавниот радиодифузен-сервис, е филмот да биде одново преведен на „литературен" македонски. Причина: во сценариото имало многу вулгарности.

„Стими“ - еротика за тинејџери

Планетарната популарност на „50 нијанси сиво" поттикна воспоставување нов книжевен жанр наречен „стими" - блага еротика за тинејџери, кои допрва влегуваат во светот на сексуалноста.

#Твитеркалендар 2013

Тоа дека група луѓе кои претходно не се познавале можат да направат нешто убаво, корисно и некому потребно, немотивирани од ништо друго освен од добрата мисла, е нешто кое прави да веруваме дека светот можеби и не го заслужува крајот кој му се најавува од време на време. 

Ангажирани дуплерици

Прв пат од неговото формирање во 1953. магазинот „Плејбој" на средните страници во изданието за јануари/фебуари 2013 нема да има класични разголени убавици, туку дела од познати современи уметници.

„Клип“ (Маја Милош, Србија, 2012)

За филмов прв пат слушнав кога беше забранет од Министерството за култура на Русија, заради неговата „штетна содржина". Откако го гледав не знам што е поштетно - да го гледаш, или да го живееш.

Зимски филозофи

Теле кое збунето зјае во полјаната прекриена со првиот снег, езеро кое неодлучно се подготвува да смрзне, мачки стуткани крај нечиј прозорец, ние дур гледаме во чадот кој се извива од оџакот на соседната куќа. Сите зиме стануваме филозофи, чувствувајќи болка за која не можеме да најдеме рана, туку која прави само подобро да погледнеме во себе.

Како се сука театарска пита?

Белградскиот неделник Време во најновиот број објави интервју со Горан Стефановски по повод премиерата на неговиот најнов текст „Одисеј“ во режија на Ацо Поповски, за која се надеваме дека во догледно време ќе ја видиме и во Скопје. Во извадоците кои ги пренесуваме тој зборува за талкањето, гордиот Балкан, и разликата помеѓу тоа да бидеш информиран и нешто да сознаеш.

„И јас сум Рави Шанкар!“

Да си имењак со славна личност е проклетство („Ако си ти Мајкл Џексон, ја сум Мадона“), но како што ќе видите од следниот текст, тоа знае да биде и благослов. На поетот и новинар Рави Шанкар често му е преку глава кога му имитираат звук на ситар. Ама па во ликот и делото на „вистинскиот“ Рави наоѓа и голема инспирација.

Заштедете на струја - купете си книги!

Текст на Рамбо Амадеус од пред две години кој со текот на времето не само што не застарува, туку како што се стега енергетскиот обрач станува и сè поактуелен. Кога сурфате единствено место каде истовремено и штедите струја е - офф.нет.

На колку јазици може да се каже „Големото јаболко"?

Лингвистите во потрага по загрозени говори не мора веќе да патуваат преку половина свет за да истражуваат јазици како Загава (источен Чад) или Ливонски (покрај Балтикот) - сè што треба да сторат е да се повозат со метро низ Њујорк.

„Јас сум мајката на Адам Ланза"

„Уште колку деца треба да умрат пред да се сменат законите за огнено оружје во САД" - ова е очајниот повик кој го упатуваат Американците по завчерашното пукање во Конектикат. Но фокусирајќи се на достапноста на оружјето, дебатата не зема предвид еден позначаен проблем - оној на менталното здравје.

Убавина среде ѓубре

Во пресрет на акцијата за правење елка од пластични шишиња во Градскиот парк, погледнете го трејлерот за Landfill Harmonic, трогателен филм за еден специјален оркестар од Јужна Америка, целосно составен од инструменти направени од - ѓубре.

Пијаното-сираче

Oва на прв поглед ни изгледа ко експеримент од зоологија, кога некој (човек) ќе им остави на мајмунчиња тропалка или компјутер во кафезот па ги забележува нивните реакции.