Црпејќи референци од „Пеколот" на Алигиери и „Загубениот рај" на Милтон, изработен е флаер кој ја промовира оваа необична туристичка дестинација. Како најбргу да стигнете до таму, кои се неговите знаменитости, и каква е атмосферата, пред, за време, и особено по празници.
Зошто да го посетите?
Како пејсажот на пеколот нема друг. Неговите бесконечни провалии, високи планини и жестоки поплави ги инспирирале уметниците со векови. Пандемониум, главниот град (претходно познат како црниот Дис) има космополитски шмек, и како бонус, воопшто нема криминал.
Ексклузивно одморалиште со векови, Пеколот е место каде кралевите си ги носат круните а папите нивните одежди. Каде и да погледнете ќе видите познати лица. Забележете ги славните!
Имате преголема телесна тежина и не сте во форма? Пеколот ви нуди екстремна програма за фитнес. Ослободете се од вишокот килограми!
Ако сакате да патувате без многу багаж, Пеколот е за вас. Набавете си сè што ви е потребно на лице место, и не се мачете да пакувате крем за сончање. Само лицемерите носат облека: бесните змии и дебелите црви често се единствената облека. Во склоп на шармантна традиција, на секој посетител при пристигнувањето му се даваат врели метални синџири како сувенир за долго сеќавање на неговиот престој. Гравирајте ги со вашето име без доплата.
Времето тука стои, додека океанот врие а големиот амбис се проѕева пред вас. Почувствувајте го жешкиот песок под вашите нозе, гледајте ги химерите и горгоните како се веселат, патувајте на грбот на демонот, помирисајте го поветарецот на сулфурот. Го знаете она кога се надевате дека одморот никогаш нема да заврши? Епа овој и нема.
Како да пристигнете таму
Најбрзиот пат е многу да грешите и да одбивате да се покаете. Гревот против Светиот дух ве носи на местото веднаш, иако никој не знае што е точно тоа.
Пратот до исламскиот и еврејскиот пекол води преку висок мост тенок како влакно. Животот на сладострастие (буквално пат покриен со јаглики, Шекспир, „Хамлет") нуди побавен но полежерен пристап.
Валута
Парите се можеби една од причините зошто сте тука: особено ако сте од Кахор, градот на лихварите, или сте работеле за браќата Леман. Но не носете со вас готовина или каритчки, освен ако не сакате да ви ги стопат и да ви ги истураат во уста со инка.
Главни знаменитости
Пеколна порта.
Всушност се работи за девет нивоа на порти, три од лим, три од железо и три од горечки дијамант. Не го пропуштајте натписот на првата: „Оставете ја надежта, сите кои влегувате тука".
Палатата на Сатаната
Архитектонско чудо на Пандемониумот, изработена од чисто злато. Нејзината просторија за состаноци може да собере „илјадници полубожества на златни седишта", и 26 кои стојат. Високо над нив е тронот на Сатаната, кој го надминува „богатството на Орумс и Инд". Фотографирањето не е дозволено.
Самиот Сатана
Замрзнат во мраз во срцевината на Пеколот, пуштајќи им се на неколку грешници истовремено, и со трите глави со рогови пуштајќи огромни солзи на фрустрација, оваа неверојатна глетка восхитува секого. Бавен влез во шпицот. Несоодветно за вегетаријанци.
Храна
Chez Tantalus: Гледајте си ја вечерата како виси над вас, без да можете да ја досегнете за да ја вкусите!
Bar Lethe (Лета бар): Популарен, секогаш полн кафич, и покрај бавната и несмасна услуга од шанкерката Медуза. Наскоро ќе заборавите се', вклучително и тоа зошто сте дошле.
Fresh'n'Fruity: Пеколот има неколку огранкоа од овој изненадувачки синџир, каде можете да искусите свежо набрано овошје по ваш избор кое се претвора во пепел во вашата уста. Плод на дрвото на Доброто и Злото кога му е сезона.
Сместување
Holes of the Simoniacs (Дупките во кои страдаат оние кои продаваат/купуваат црковни простувања): Нурнете со глава во овие весели журки, и оставете го ѓаволот да ви ги запали стапалата!
The Sacks&Malebolge: Десет восхитувачки мини-јами во трендовскиот 8ми круг, посветен на измамниците и ласкавците. Уживајте во масажа во вашата соба од трудољубиви демони.
Angel Rocks: Евтин и шармантен пансион во кое можете да си размислувате за околностите во кои сте се нашле
Бањи
Бањата на третиот круг: Валкајте се во парфирмирана кал колку што сакате. И подолго!
Il Sanguineo (7ми круг): Гледајте како вашето тело станува црвено како оваа река од крв, во еден исклучителен процес на тонирање!
Геј и ЛГТБ сцена
Многу подобрена во последниве години. Во 7-миот круг постојаното „крстарење" е задолжително, каде секој кој застанува се соочува со чуден дожд од оган.
Да сумираме: „Пекол: Вашето прво одмаралиште. И вашето последно!"