Bookbox

Lioconcha hieroglypica е вид морска школка, која може да се најде на Хаваите, Филипините и на Маршаловите острови во Пацификот. На прв поглед изгледа ко на неа некој со мастило да нанесувал некакво тајно писмо.

Нов документарец на Нетфликс најпрвин изгледа само како трогателна приказна за момче кое умира на 25 години од дегенеративна мускулна болест, не исполнувајќи ги основните човечки копнежи - љубов, пријателство. Но по неговата смрт се открива дека дури и трајно врзан за количка, а во последните месеци со едвај подвижни дланки, тој успеал да навлезе во свет во кој бил прифатен и повеќе жив отколку во „реалноста“.

Зошто духовите викаат „буууу!“?

Луѓето имаат извикувано „буу“ или верзија од истото, за да ги уплашат другите, од средината на 16 век. Ама духовите? Изгледа дека тие малку подоцна ја научиле финтата.

Дали и вие живеете во состојба на божествена неисполнетост?

„Најисполнетите луѓе кои ги познавам имаат две особини. Тие се незапирливо љубопитни - за нови идеи, искуства, информации и луѓе. Истовремено, изгледа како да живеат во состојба на континуирана, самонаметната несреќност“.

Oд бугарски пазар на робови до изворот на Нил - неверојатната приказна за лејди Бејкер

Била позната под повеќе имиња - Флоренс Барбара Мари Финијан или Флорика Марија Сас, или Барбара Марија Шаш. Родена 1841 во Трансилванија, во средината на 19 век дел од кралството Унгарија, таа од сираче станала робинка, па авантуристка која го истражувала изворот на Нил, за на крај да почине како англиска лејди.

Врапчето, синот и таткото

На денешниот „ден на таткото“ (17.6), кој се одбележува во повеќе земји во светот, едно постаро но антологиско видео, кое сигурно ќе ви направи кнедла во грло. 

Книгите разменети, полиците полни

Вчера (16.06) во „Камарите“ беа донесени и земени стотина книги. Благодариме на сите што дојдоа, се надеваме си најдовте нешто интересно. Книгите што останаа ќе бидат донирани во двата новоотворени клуба на Црвениот крст на град Скопје.

Визионерски фолклор

QR Code е она матрикс баркодче, кое служи за складирање податоци - црни точки и линии распоредени во форма на квадрат на бела позадина. E, истиот мотив баба Јела од Лика го плете и везе уште од мала.

Собирачи на фрлени книги, обединете се!

Вчера дознав информација, рамна на урбана легенда - дека некаде во Автокоманда постои магацин на книги на Универзитетската библиотека во кој вработените се плашат и да влезат.

12 ретки снимки на дуетот Кеш-Дилан

Пред некој ден добив плоча од Џони Кеш, и ми падна мака - не ја собира во лаптоп, а во шпорет не свири. Слушањето музика на интернет и не е некоја замена за грамофон, ама па супер легнува која некој ќе ви ги собере на едно место сите ретки снимки на Кеш, овој пат во дует со Дилан.

Пишувај, или ќе го јадеш!

Прокрастинацијата, или одложувањето на непријатните и тешки обврски, е генерално човечко искушение. Ама сега некој нашол чаре барем за писателите, оние склоните кон пролонгирање на рокот за завршување на нивните текстови и ракописи. 

Родната куќа на Ринго нема да се руши

Во недела на Школка ќе се одржи трибјут на Битлси - групата во која „Ленон беше душата, Харисон духот, Пол срцето, а Ринго тапанарот". На 50 години од придружувањето на последниов кон групата, неговата родна куќа е спасена од демолирање.

„На ти ја-дај ми ја 2“

После успешната минатогодишна акција, повторно размена на книги. Овој пат во „Камарите" (Дебар маало, поранешна „Липа"), сабота од 19-21 часот.

Кога политичарите се пипкаат

Владимир Арсенијевиќ за еволутивно разбирливиот феномен на гушкање, потчукнување и друг вид телесно општење, но во рамки на една специфична човечка заедница - српски политичари. Кога е веќе зоологија во прашање, ако теоријата држи за српските, нема причина истата да не важи и за македонските, или за кои било други политичари.

Што ја прави музиката страшна?

Сосема е сигурно дека ако ја исклучите музиката од некој филм кој се води како хорор, тој во голема мерка ќе изгуби од „страшноста". Еволутивниот биолог Даниел Блумштајн од Универзитетот Колумбија објаснува зошто е тоа така.

22 совети за добра приказна

Во секој муабет околу некакви „правила" за добро пишување ќе се најде некој кој ќе потсети дека најголемите книжевни дела ги напишале автори кои токму таквите правила ги кршеле. Искуството покажува дека некои совети околу раскажувањето сепак би требало да се послушаат. 

Маките на Тери Гилијам

Aко не сте го гледале „Бразил" на Гилијам („Страв и омраза во ЛА", „Имагинариумот на д-р Парнасус") веројатно е време тоа да го направите. Мешавина на научна фантастика и сатира, тоа е приказна за еден тоталитарен свет, сличен на оној во Орвеловата 1984-та, но со многу црн хумор.

Мајсторе, пошто освртот?

Она што во Македонија сè уште не сме го усовршиле како маркетинг aлатка се оние кратки „осврти" на кориците (таканаречени blurbs), кои често ја продаваат книгата, особено ако таа е од автор за кого слушате прв пат.

„Не можеш бе наш човек да заебеш!"

Балканските народи можеби негуваат меѓусебна омраза, ама околу едно се согласни: модерните државни системи се најголемиот душман на „нашиот“ човек, митолошкиот бог на измамата. Целата историја на таканаречениот напредок, е завера како тој да се заебе. Избор на антологиски примери во кои тој - јунакот - го возвраќа ударот.

Дали навистина постоело „златно време" на книгата?

Со замената на хартиеното издаваштво со електронско се губи една цела култура на читање и живеење - кукаат конзервативците и носталгичарите. Ајде да ги преброиме книжарниците кои постоеле во тоа ваше „златно време", велат прагматичарите.

40 години „Алан Форд" на Балканот

Сценаристот Лучијано Секи и цртачот Роберт Равиола, попознати под псевдонимите Макс Бункер и Магнус, во мај 1969. во Италија го покренаа стрипот „Алан Форд". Во бивша Југославија во 1972. загребски „Вјесник" го објави првиот број на српскохрватски јазик.

Кога „пали" ќе стане „ќоше"

Не дека во книгите на хартија нема грешки (во некои и повеќе од една), ама ваква ни е тешко да замислиме.

„Мртовечницата" под Њујорк Тајмс

Две нивоа под бучните улици во близина на Тајмс Сквер, откако ќе поминете покрај цевки кои протекуваат, по ходници осветлени со јаки неонки и низ блиндирана врата, ќе влезете во чуден магацин.

Протеини и поезија

Што се случува кога еден бодибилдер ќе се сретне со острата поезија на Дамир Авдиќ? Прво ќе се разгневи, а потоа ќе му се присака ракија и ќе му дојде да пцуе. Чаре: фикциотерапевт и забрана за поезија.

РЕЈ БРЕДБЕРИ (1920-2012)

Кога пристигна првиот твит за смртта на Реј Бредбери, бев во недоумица дали е вистина. Мојата потреба да се консултирам околу прашањето пред да ја објавам веста беше благо исмеана - зошто некој би имал потреба да кривотвори умирачка на дедо од 91 година?

Древни совети за победување на избори

Квинтус Цицерон е првиот политички консултант - неговите совети за водење кампања, кои ги напишал за брат му Марко, до скоро им беа познати само на класичарите. Неодамна се објавени во нов превод на англиски, под наслов „Како се добиваат избори".

Сонувањето со отворени очи е корисно!

Луѓето не се разликуваат од животните по исправениот ôд, или по тоа што користат симболи. Ние, во основа, сме сонувачи. 

За Колин од чичко Том

На 6. јуни 2006 Том Вејтс му напишал писмо на 15-годишниот Колин, од градот Палестајн, Илиноис. Секогаш ми доаѓа фино кога ќе видам писмо пишувано на рака, а не е од предминатиот век. Денес момчето има 21, и се надевам ги послушал добрите совети на чичко Том.

Во Грција децата живеат со родителите до 30-тата, а после се селат на горниот кат

Историски се познати случаи кога економската криза во некое општество поттикнува културен подем. Нешто слично последниве години се случува со грчкиот филм.