Кодот на баба Јела

Визионерски фолклор

QR Code е она матрикс баркодче, кое служи за складирање податоци - црни точки и линии распоредени во форма на квадрат на бела позадина. E, истиот мотив баба Јела од Лика го плете и везе уште од мала.

Лика е родно место на еден од најголемите светски изумители - Никола Тесла. Но очигледно овој крај е плодна почва за визионери. Баба Јела тврди дека го дизајнирала споменатиот код, кој го нарекува „шиљур" заради тоа што има 4 шилци, уште во младоста, кога при некакво невреме имала привидени - го видела на ликот на елен кој ѝ стоел на прозорецот. Од тогаш кодот го вградува во сите домашни ракотворби - џемпери и ќебенце за внукот, миленциња, дури и украсни чинии.

Некоја сосетка ѝ кажала дека Американците и Јапонците иго „украле" кодот, но таа во овој прилог кои го направија Хрватите воопшто не изгледа загрижена заради тој факт. Како и сите големи научници и луѓе, таа е задоволна што направила нешто за човештвото.

16 јуни 2012 - 14:11