Донесете ги книгите кои не ви се потребни (сте ги прочитале, ви фаќаат место, сакате да ги споделите) и разменете ги со другите читатели на Букбокс. Ем се дружиме, ем штедиме пари, ем си наоѓаме нешто ново за читање. Книгите кои ќе останат (а лани останаа доста) ќе бидат дадени во новоотворените дневни центри за стари лица на Црвениот крст на град Скопје.
Има само две правила: не носете книги за кои сте сигурни дека нема да има заинтересирани и земете онолку книги колку што сте донеле. Се гледаме!
Еве неколку фотки од минатогодишниот настан.