Необичната школка со хиероглифски ознаки

Lioconcha hieroglypica е вид морска школка, која може да се најде на Хаваите, Филипините и на Маршаловите острови во Пацификот. На прв поглед изгледа ко на неа некој со мастило да нанесувал некакво тајно писмо.

Хиероглифска Лиоконча е име на фасцинантен вид морска школка - вистинска океанска енигма. Ова суштество, кое е карактеристично за тропските води на Индо-Пацификот, се одликува со ознаки на надворешните ѕидови кои наликуваат на древни египетски хиероглифи. 

Иако делува како некој да седнал и да ги нанесувал со перце, всушност станува збор за природен дизајн, кој варира од школка до школка. Тие ги интригираат научниците и колекционерите, што го прави видот и биолошки и естетски интригантен. Шемите не само што ја „красат“ школката, туку нудат и назнаки за нејзиното живеалиште и адаптацијата на морската околина. Oклопот најчесто има темно кафени или црни ознаки на крем или бела позадина. 

Поради својата уникатна појава, Л. хиероглифика е популарна кај колекционерите на школки. Сепак, добрата вест што барем засега овој вид не е загрозен.

1 ноември 2024 - 16:56