Bookbox

Кога ќе се спомене крв, веднаш помислуваме на црвената боја. Но, во животинското царство крвта може да биде сина, виолетова, зелена, жолтеникава, па дури и речиси бела. Причината за овие разлики се протеините и пигментите што животните ги користат за пренесување на кислородот низ телото.

Доктор Роберт Корниш бил нешто како вистински Виктор Франкенштајн: верувал дека смртта не мора да биде конечна и со помош на необична направа се обидувал да ги врати во живот телата на кои срцето веќе им престанало да чука.

Трагедијата да бидеш избришан на Википедија

Кога една биографија ќе исчезне од најголемата онлајн енциклопедија во светот, не исчезнува само текстот. За некои луѓе, тоа е и губење на признанието дека нивната работа е доволно важна за да биде забележана.

Дали познавате ваков историчар?

Марк Блох бил сведок на големи настани во европската историја, во која не учествувал само набљудувајќи ја од кабинет и од академски височини. Бил пешадиски офицер во Првата светска војна, а по германската окупација на Франција во Втората му се приклучил на движењето на отпорот. Гестапо го стрелал во 1944. Сите овие премрежја му помогнале да пристапува на историјата „од долу“ - од аспект на таканаречените „обични луѓе“, а не само земајќи ги предвид официјалните документи и приказната на победниците. 

Букбокс гледанка: „Скапани јаболки“ (Bad Apples, 2026)

Филм кој на дел од сајтовите е класифициран како „комедија“ всушност е болна сатира за тоа како современите образовни системи, ориентирани кон квантитативно мерливи „постигнувања“, се справуваат со „скапаните јаболки“ помеѓу учениците - оние кои го нарушуваат одвнатре. Како да решиш проблем со еден таков пред доаѓањето на инспекција? Заклучи го во визба. 

Британија е жртва на „мулти-култи балканизација"

Борис Џонсон, познат по својата креативна употреба на мајчиниот англиски, особено за навреди („големи мрзливи протоплазмични безрбетни амеби"), има експертска дијагноза зошто голем број жители на Британија не зборуваат англиски. Ако е нешто лошо, мора да има врска со Балканот.

Политиката на презимињата

Различните режими ги имаат менувано со сила. Невестите го земаат она на мажот со мило. А на владите им се важни за да знаат кој сте, каде сте и колку да ве оданочат. Но дали презимето и понатаму ќе биде толку значајно за идентитетот како што било до сега?

Закерберг отвара читачки клуб

Самообвинувачката флоскула „заради ова интернетов" за многумина стана главен изговор што долго време не зеле книга в рака. Тоа станува уште поиронично имајќи го предвид „бук"-от во името на Фејсбук. Но Закерберг сега ќе ја оправа работата.

Како изгледа да си професор во Македонија низ gif-ови

Како, макар и со задоцнување, пошироко да се промовира имиџот на професорите како реално трудољубиви, чесни и упатени, а да се нагласи аматеризмот и агресивното незнаење на оние кои сакаат да ги „зауздаат"? Aко не помагаат сложени таблици, формули, учени дискусии и отворени писма, можеби ќе помогне ова.

33 ветувања за читање книги во Новата

Писателот Остин Клеон, нам познат по бестселерот „Кради како уметник", манифест за креативноста во дигиталното доба, состави листа на сопствени ветувања во врска со читањето. Ни изгледа како фин вовед во Новата, иако повеќето од спомнатите работи веќе ги правиме. Ама бр. 5 ќе мора да гo вежбаме.

Кој е францускиот економист кој ја одби Легијата на Честа?

Само ден по Нова година, кога француската држава традиционално ја доделува престижната награда, еден од добитниците им порача на политичарите - не туку кажувајте кој е заслужен а кој не, фатете се за работа.

Дилан Томас наместо честитка

2014 меѓу другото ја одбележаа два настани: 100 годишнината од раѓањето на велшкиот поет Дилан Томас и епскиот научно-фантастичен филм „Интерстелар". Нивната точка на средба е славната песна на Томас, Do not go gentle into that good night, која во филмот се цитира неколку пати.

Букбокс ретровизор: најчитано во 2014

Во 2014 продолживме со филмските и книжевни осврти, ги ловевме интересните вести од областа на културата, повторно јадевме книги, почнавме Твитер филмски клуб, прочитавме и напишавме куп статии, и се дружевме. На нејзиниот крај ви нудиме две листи: она што вие најмногу го кликавте, и она што нас најмногу нè возбудило како приказна или „проект“. 

Нова книга на Џејми Оливер: храна што ве гушка

Повеќе интуитивен отколку жанровски јасен концепт, comfort food е храна подготвена дома, како сармички виткани од мајчински раце, или пире несмасно гмечено од децата, што прави да се чувствувате пријатно, утешено и заштитено. Како кога некој пред спиење ќе ве покрие и ќе ве бакне во чело.

Секс од А до Ш

Пред некое време пишувавме за безобразната руска азбука од 1931, чиј автор изработувал споменици на Сталин.Сега откривме верзија со латинични букви, која има една предност - се мрда.

Шест реални случки од 2014 раскажани како фикции

Џабе бираме најдобри книжевни дела за изминатата година, кога таа беше полна со настани кои по својата чудесност ja надминуваат фантазијата. Ова е логиката на Гардијан, кој објави серија текстови во кои познати автори ги замислуваат/измислуваат деталите зад најинтересните случки.

Штулиќ на сите по список

Не знаејќи како жанровски да го одреди овој текст, белградско „Време“ го сместува во рубрика „смејурија“. Иако делува како драматуршки презаситен список екс-ју имиња, тој сепак покажува неколку работи: дека Штулиќ и тоа како добро се сеќава, дека исто толку добро ги следи актуелните настани, и дека (ова го знаевме, ама да си повториме) - е лудак. 

Кога библиотекарите биле Гугл

Она што денес го прават интернет пребарувачите, обидувајќи се да ни дадат одговор на понекогаш апсурдните прашања, порано било задача на библиотекарите. Јака им душа што сè трпеле.

Читатели и пријатели бираат: што им ја одбележа културната 2014?

Наместо ние да бираме што беше најдобро, замоливме неколкумина да ни кажат што културно ги возбудило, израдувало, допрело во 2014. Не баравме нешто помпезно, во смисла на „настан на годината", туку некое, макар мало, но убаво искуство. Еве што ни рекоа:

Баталете е-книги пред спиење

Ново истражување покажува дека светлината којашто ја емитуваат повеќето е-читачи негативно влијае врз заспивањето. Чаре: правете нешто друго в кревет.

Најстарата тапанарка на светот

Ракувала со палки подобро од кој и да е маж, а нејзината вештина и денес може да засени голем број модерни тапанари. Смит е само една од голем број легендарни музичарки, кои го отвориле патот за некогаш дискриминираните перкусионистки. Денес има 102 години и сè уште не се откажува.

Замина музата на Бекет

Били Онор Вајтло (Billie Honor Whitelaw), англиска актерка која почина пред неколку дена на 82, цели дваесет и пет години му била најблиска соработничка на Бекет. Се запознале во 1964 и сè до неговата смрт тој ја сметал за своја муза и совршен интерпретатор на неговите дела.

Камасутра лижавчиња

Италијански уметник и фотограф, инспириран од еротските пози опишани во Кама Сутра, изработува нивни шеќерни верзии. Да ти е жал да ги излижеш.

Дали зборувате југлиш?

Англискиот се зборува во толку различни краишта од светот што е сосема нормално тој да си има свои локални особености. Еден лингвист од Уганда објави книга во која детално ја опишува историјата, еволуцијата и граматичките особености на оној англиски кој се зборува во неговата татковина. Некои од примерите се цепки.

Книжевниот Колбер

Последниве неколку недели Колбер и неговите фанови ги минаа потсетувајќи на најдоброто од неговото шоу. Она за што помалку се зборува кога се прави ретроспектива на неговото медиумско влијание е начинот на кој ги промовираше писателите и читањето воопшто.

Сексуалниот девијант во сите нас

Луѓе чиј фетиш е знаме, или такви кои сакаат да си се пипкаат во магла дур некој им д’тка - за некого само откачени, за други болни и опасни типови. Една книга се обидува да дефинира што е тоа „перверзно“ и врз што би требало да се базира нашиот морален став кон она што ни изгледа како такво. 

Грција која умира

Се сеќавате на збирката фотографии на некогашно Скопје на ВББ, која содржи и голем број продавници кои веќе ги нема? Еден грчки фотограф почнал да ги слика оние во неговата земја кои или се веќе затворени, или едвај преживуваат. Наскоро тие ќе бидат интересни само за историчарите и археолозите.

Амазон одби книга заради пречеста хифенација

Еден автор се најде во чудо, откако негова самоиздадена книга со стотина позитивни критики беше повлечена од продажба од најголемиот трговец со книги на светот. Причина: „голем број зборови во книгата се напишани со цртичка". Ма-немој-молим-те.