Clair de Lune

Стиховите кои го инспирирале Дебиси

„Музиката е просторот помеѓу нотите", велеше Kлод Дебиси, чиј 151 роденден Гугл го слави со дудл, а ние со превод на песната на Пол Верлен, која послужила како инспирација за познатата „Месечева светлина“.

Делото на Дебиси, иако музичко, често се споредува со она на симболистите во книжевноста и импресионистите во сликарството. „Месечевата светлина" е трет став од таканаречената Бергамска суита, инспирирана од песна на Пол Верлен, а напишана во 1869. Во првите стихови таа ги спомнува „бергамаскерите" - танцувачи на ритмичен танц карактеристичен за италијанскиот град Бергамо, со чудни, хумористични движења (се спомнуваат и во „Сон на летната ноќ" на Шекспир).

Не мора да чекате ноќ за да си ја слушнете. Затворете ги ролетните, и замислете ја онаква полна, каква што е денес.

Месечева светлина

Твојата душа е одбран пејсаж
каде шармантни луѓе под маски и бергамаскери
свират на лира и играат,
и се речиси тажни под чудните облеки.

Сите пеат во мол
за победоносната љубов и животот полн можности,
изгледа и самите дека не веруваат во нивната среќа
а песната им се меша со месечевата светлина.

Со кротката луна, тажна и убава
која прави птиците да сонуваат во крошните
а фонтаните да липаат во екстаза,
високите витки фонтани помеѓу мермерните споменици.

(превод И.Ј.)

Clair de Lune

Votre âme est un paysage choisi
Que vont charmant masques et bergamasques
Jouant du luth et dansant et quasi
Tristes sous leurs déguisements fantasques.

Tout en chantant sur le mode mineur
L'amour vainqueur et la vie opportune
Ils n'ont pas l'air de croire à leur bonheur
Et leur chanson se mêle au clair de lune,

Au calme clair de lune triste et beau,
Qui fait rêver les oiseaux dans les arbres
Et sangloter d'extase les jets d'eau,
Les grands jets d'eau sveltes parmi les marbres.

 

* На сликата горе, Верлен со неговиот омилен пијалок, апсинтот

22 август 2013 - 09:17