таква и ни треба

Компулсивно-опсесивна поезија

Денес ни тргна со поезијата, па ќе продолжиме во тој дух. Ама овој пример е од оние необичните, за кои дури и оние кои не сакаат поезија би требало да имаат симпатии. Да имаат симпатии. Да имаат симпатии.

Нил Хилборн со години страда од опсесивно-компулсивно нарушување, кое меѓу другото се манифестира со чести нервозни тикови, присилни мисли, прекумерно изразени чувства и повторување на зборови или гестови. Да, велат дека тоа било психијатриска дијагноза. Но кога ќе ја чуете песната која Нил ја има посветено на неговата некогашна девојка, а со која од вчера стана интернет хит, ќе посакате сите ваши партнери дa биле барем приближно толку опсесивно-компулсивни, кон вас.

13 август 2013 - 15:21