Bookbox

Кога ќе се спомене крв, веднаш помислуваме на црвената боја. Но, во животинското царство крвта може да биде сина, виолетова, зелена, жолтеникава, па дури и речиси бела. Причината за овие разлики се протеините и пигментите што животните ги користат за пренесување на кислородот низ телото.

Доктор Роберт Корниш бил нешто како вистински Виктор Франкенштајн: верувал дека смртта не мора да биде конечна и со помош на необична направа се обидувал да ги врати во живот телата на кои срцето веќе им престанало да чука.

Трагедијата да бидеш избришан на Википедија

Кога една биографија ќе исчезне од најголемата онлајн енциклопедија во светот, не исчезнува само текстот. За некои луѓе, тоа е и губење на признанието дека нивната работа е доволно важна за да биде забележана.

Дали познавате ваков историчар?

Марк Блох бил сведок на големи настани во европската историја, во која не учествувал само набљудувајќи ја од кабинет и од академски височини. Бил пешадиски офицер во Првата светска војна, а по германската окупација на Франција во Втората му се приклучил на движењето на отпорот. Гестапо го стрелал во 1944. Сите овие премрежја му помогнале да пристапува на историјата „од долу“ - од аспект на таканаречените „обични луѓе“, а не само земајќи ги предвид официјалните документи и приказната на победниците. 

Букбокс гледанка: „Скапани јаболки“ (Bad Apples, 2026)

Филм кој на дел од сајтовите е класифициран како „комедија“ всушност е болна сатира за тоа како современите образовни системи, ориентирани кон квантитативно мерливи „постигнувања“, се справуваат со „скапаните јаболки“ помеѓу учениците - оние кои го нарушуваат одвнатре. Како да решиш проблем со еден таков пред доаѓањето на инспекција? Заклучи го во визба. 

Како вашиот здив ве поврзува со вселената

Иако можеби звучи како њу ејџ мантра, ние реално го дишеме истиот воздух како и остатокот од планетата. И не само тоа, туку вдишуваме и атоми на Шекспир или на Да Винчи, како и парчиња од нашиот сопствен здив, оној првиот којшто сме го испуштиле кога сме се родиле. 

Макартни или Ленон?

Тоа за многумина е едно од оние животно тешки прашања или камен на сопнување во дискусија, како избор помеѓу пастрмајлија со или без јајце. Ама кога треба да се одлучите помеѓу двајца екстремно талентирани и славни музичари кои патем свиреле во иста група, работата е уште покомплицирана.

„Планета на кучките": феминистички стрип на годината

Научно-фантастична серија стрипови која според зборовите на критиката „им во вади сексистичкото срце на експлоатативните дискурси во врска со жените, а потоа нивните трупови ги лансира во друга галаксија".Доволно да го заскокотка феминистот во секој од нас.

Како да се трудиш без да се трудиш?

„Обидувајќи се да не се обидуваш: уметноста и науката на спонтаноста" е нова книга на Едвард Слингерленд, професор по азијски студии која се обидува да го надмине парадоксот на на наредбите како: Олабави се! Однесувај се природно! Биди спонтан!

Дежуловиќ во Скопје

Ако го пребарувате на нашиов сајт ќе ви се појават 23 статии, меѓу кои преведени текстови, интервјуа или осврти за негови книги. И до сега, значи, сме користеле секакви прилики да го спомнеме и да го испочитуваме, но овој пат за тоа има и посебен повод - човекот ни е тука.

Штајнбек за заљубувањето

Нобеловецот и автор на „Источно од рајот", „Глувци и луѓе" и „Плодови на гневот" постхумно стана познат и по огромниот број писма кои ги испраќал на семејството, пријателите и на влијателни јавни личности. Едно од нив зборува за љубовта.

Извештајот за техниките на измачување на ЦИА во форма на книга

Жешка тема деновиве беше извештајот на Комитетот за разузнавање при Сенатот на САД во врска со контроверзната програма на ЦИА за притвор и испрашување на затвореници. Истрагата траела 5 години, а документот содржи над 500 страници. Сега тој ќе биде објавен и во форма на книга.

Изложба на Ди Ди Рамон во Њујорк

Нешто помеѓу помен и трибјут, во њујоршкиот Челси Хотел се отвори изложба на слики на еден од основачите и според многумина ’рбетот на славниот панк бенд. Тоа што таа е организирана токму во овој хотел има и посебна симболика.

Филмска 2014

Имаше и добри книги, музика, графички дизајн, претстави. Ама изгледа изминатата година ќе биде запамтена најмногу по одличните филмови.

Целовечерно читање во Таипеи

Една книжарница во главниот град на Тајван стана туристичка атракција и омилено место за излегување на локалците откако почна да работи 24 часа, и да дозволува луѓето да читаат, без да мора да купат.

Српско книжевно пердашење

„Ако ја видите оваа книга прескокнете ја, избегнете ја по секоја цена, не си го трошете своето скапоцено време на бесмислено нижење зборови“ - вака гласи препораката на еден критичар од Србија за современ роман на локална писателка. Остро? Отровно? Или е така, или едноставно не сме навикнати на таков дискурс, попознат како „кого удрам, не жалам“.

Мјузикл по детска книга на Тери Џонс

Познатиот пајтоновец, помеѓу сите негови таленти, го има и оној убаво да раскажува за деца. Една негова книга од 1985 сега се поставува во Лондон, во форма на музичка претстава.

„Св. Винсент" (2014)

Иако на моменти балансира на фината граница на мелодрамата, филмов не може а да не ве освои. Причина: во него игра Бил Мареј, и тоа во тандем со едно преслатко дете.

Верковиќ и неговото право

Во рубрикава ретко имаме прилика да објавуваме писма од читатели, но еве една таква. После писмото следи и нашиот коментар. 

„Гевгелексикон" од Стефчо Стефанов

Оние кои го следат Букбокс знаат за нашата желба за промовирање на измислени, но и подзаборавени а прекрасни зборови од нашите дијалекти. Затоа уште на невидено го поздравивме излегувањето на лексиконот-збирка зборови од гевгелискиот, кој нам од „северот" ни звучи токму како странски.

Што е тоа „длабоко читање“?

Звучи ко наслов на порно филм. Но тоа е всушност една загрозена практика, која треба да ја заштитиме како да е историски значаен објект, занает во изумирање или уметничко дело.

Како насловите го менуваат јазикот на новинарството?

Секој којшто се обидел да напише вест знае дека најтешкиот дел може да биде насловот. Тој не само што треба да биде верен на содржината, туку треба и лукаво да привлече. Притоа јазикот толку се извитоперува, што тој веќе не личи на новинарски туку на некој паралелен - насловски. Имаме неколку примери од земјата и странство. 

Прв пат на Фолтин

Иако личи на репортажа или патепис, оваа приказна на Димса, кој во неа е во улога на шофер и придружник на Фолтин на нивен концерт одржан овој Илинден во Mинхен, е нешто многу повеќе од тоа. 

Награда „Лош секс во белетристика“ 2014

Има луѓе кои мислат дека и лош секс е добар, сè додека го има. Но жирито за наградата која се доделува од 1993 за најлош опис на сексуален чин во проза напишана на англиски не мисли така. Оваа година со неа се закити поранешен добитник на Букер. 

Скорсезе и Џегер во нов проект

Двајцата ќе бидат продуценти на нова серија на HBO, засега насловена како „Ненасловен рокенрол проект". Темата барем на еден од нив му е добро позната: музичките 1970-ти. И музичарите од тоа време, кои сега почнаа да заминуваат од старост. 

Дебитантска книга на Пи Џеј Харви

Поезија илустрирана со фотографии - тоа е содржината на книгата која се планира да излезе во октомври 2015. Додека ја пишувала Харви ни била блиску, во соседно Косово. 

Научникот кој го продаде својот Нобел

Џејмс Вотсон ја доби Нобеловата во 1962 за откривањето на структурата на ДНК. Сега сака да си го продаде медалот, и тоа ќе биде прв случај во историјата нобеловец да дојде до тоа дереџе. До толку му требаат пари или е во прашање нешто друго?

Иновации: пијано од гума

Роланд Ламб долго време им љубоморел на гитаристите или саксофонистите, на начинот на кој тие можат да ги третираат нотите, нијансирајќи ги и давајќи им личен печат, нешто што тој многу потешко можел да го постигне свирејќи пијано. Неговото решение - футуристичка верзија на овој инструмент.

Мемоари на менаџерот на Џенис Џоплин

„На сцена, водам љубов со 25,000 различни луѓе. Потоа одам дома сама", изјавила еднаш Џоплин. Таа во нејзината кариера сепак не била сосема сама - го имала Џон Брн Кук.