фото архива

Четворица славни „багабонти“ под шатори

Во август 1918, кога имал 81 година, писателот Џон Бароуз заминал на 12 дневно патување со 71-годишниот Томас Едисон и помладите бизнисмени Хенри Форд и Харви Фајрстоун. Фотографиите сега се достапни онлајн, преку библиотеките на Универзитетот Харвард.

Четворицата, кои самите себеси се нарекувале „багабонти", патувале во конвој од осум возила, минувајќи низ Пенсилванија, Западна Вирџинија, Тенеси и Вирџинија. Запирале да кампуваат на фарми, да истражуваат стари индустриски погони, но и да се натпреваруваат во ракување со земјоделски алат.

Групата во тој момент била концентрација на 20-вековното богатство и слава. Денес најдобро се сеќаваме на Едисон и на Форд, но Фајрстон и неговата компанија за гуми исто така биле меѓу најуспешните бизниси. Од друга страна, Барозу бил сметан за најзначајниот американски книжевен природонаучник после Торо, со 27 книги главно составени од филозофски есеи, продадени во текот на неговиот живот во тираж од милион и пол копии.

Освен што фотографирал Бароуз водел и белешки за неговите славни пријатели. Едисон се губел од време на време и на само медитирал или читал во еден од автомобилите додека другите дремеле. Форд бил тврдоглав, инженер во срцето и постојано нешто чепкал по машините - во некоја тешка провинција се нафатил да поправи вентилатор и греач за кои локалните мајстори рекле дека нема надеж, и успеал, иако половина град зјапал во него дур работел. Навечер покрај огнот групата дискутирала за Шекспир и современата физика. А сигурно си ги оговарале и жените. Блазе си им...

Повеќе тука.

 

 

31 јули 2013 - 10:59