Bookbox

Кога ќе се спомене крв, веднаш помислуваме на црвената боја. Но, во животинското царство крвта може да биде сина, виолетова, зелена, жолтеникава, па дури и речиси бела. Причината за овие разлики се протеините и пигментите што животните ги користат за пренесување на кислородот низ телото.

Доктор Роберт Корниш бил нешто како вистински Виктор Франкенштајн: верувал дека смртта не мора да биде конечна и со помош на необична направа се обидувал да ги врати во живот телата на кои срцето веќе им престанало да чука.

Трагедијата да бидеш избришан на Википедија

Кога една биографија ќе исчезне од најголемата онлајн енциклопедија во светот, не исчезнува само текстот. За некои луѓе, тоа е и губење на признанието дека нивната работа е доволно важна за да биде забележана.

Дали познавате ваков историчар?

Марк Блох бил сведок на големи настани во европската историја, во која не учествувал само набљудувајќи ја од кабинет и од академски височини. Бил пешадиски офицер во Првата светска војна, а по германската окупација на Франција во Втората му се приклучил на движењето на отпорот. Гестапо го стрелал во 1944. Сите овие премрежја му помогнале да пристапува на историјата „од долу“ - од аспект на таканаречените „обични луѓе“, а не само земајќи ги предвид официјалните документи и приказната на победниците. 

Букбокс гледанка: „Скапани јаболки“ (Bad Apples, 2026)

Филм кој на дел од сајтовите е класифициран како „комедија“ всушност е болна сатира за тоа како современите образовни системи, ориентирани кон квантитативно мерливи „постигнувања“, се справуваат со „скапаните јаболки“ помеѓу учениците - оние кои го нарушуваат одвнатре. Како да решиш проблем со еден таков пред доаѓањето на инспекција? Заклучи го во визба. 

Поместување на границите на „литературата за возрасни“

Повод за овој текст ни е вест излезена од глобалното дно, која вели дека пензионер од Британија бил осуден на две години затвор затоа што сексуално се изживувал над - ласиче. Иако е неспособна да оди во чекор со апсурдноста на животот, новата таканаречена еротска книжевност сепак дава сè од себе. Спојлер: ежови.

Што имаат заедничко Достоевски и Буковски?

Нивните имиња во иста реченица ни звучат како нешто помеѓу руско комично дуо што степува, до другарчиња што седат во иста клупа па често ги прозиваат еден по друг. Ама никако не би помислиле дека едниот му бил инспирација на вториов. Сè до сега.

Контроними или зборови кои сами себе се исклучуваат

Отсекогаш ни биле интересни, а не сме ни знаеле дека си имаат посебна лингвистичка категорија. Mожат да значат и вчера и утре, и војна и мир, и здраво и збогум. Баш фин опис на неодреденоста и флуидноста на човечкиот живот, и нештата во него кои де изгледаат велики, де сосема мали. 

Што е тоа „трол"?

Нова книга на авторитет од областа на скандинавската митологија ја трасира историјата на троловите од нивните најрани појави во нордиската книжевност, до современите манифестации на злобните „Други", оние од интернет.

Децата со големи очи: приказна за една уметничка измама

Во 1960-тите Валтер Кин станал славен по неговите сентиментални портрети на дечиња. Но вистинскиот автор на овие слики била неговата жена Маргарет, која тој сурово ја експлоатирал. Сега нејзината приказна ќе биде филмувана од Тим Бартон.

Хемингвеј раскажан во 15 секунди

Генерално сме против зипување на значајни книжевни дела во неколку реченици, бидејќи тоа создава лажен впечаток дека со тоа навистина се исцрпува нивната содржина. Но, ова ова се филмчиња кои функционираат како визуелни хаикуа од романите на Ерни.

Еротската поезија на Бертолд Брехт

Ако на нешто асоцира Брехт, тоа сигурно не е еротска поезија. Па сепак, тој има напишано над 2,000 песни од кои повеќето со ваква содржина. Некои се романтични и нежни, но други звучат како излезени од перото на Маркиз де Сад.

Статија полна пцовки прифатена во научно списание

Неколку пати сме пишувале за нуспојавите на обврската по секоја цена да се објавува во академскиот свет, заради напредок во професорските звања. И за стручни списанија кои би објавиле сè само доколку платите. Едно такво неодамна нагази на мина.

Стинг ќе го спасува сопствениот мјузикл на Бродвеј

Што се случува кога музичка ѕвезда има мерак да направи претстава, ама таа почнува да губи пари? Нормално, ѕвездава се фаќа за микрофон, и влетува на сцена. Одма друго. 

Кучиња, плунка и ѕвончиња: што (не) сме сфатиле за Павлов?

Нова биографија за рускиот нобеловец тврди дека голем дел од она што го знаеме за него се должи на лош превод и погрешни претстави. Не се работело само за кучиња и ѕвонци, туку и за нешто многу повеќе, кое има врска со човечката психологија. 

Што значи тоа „по македонско време"?

Она што физиката се обидува да го објасни преку комплицирани формули, јазикот си го илустрира многу едноставно - во англискиот постојат варијанти на еден израз кој го опишува односот кон времето на различни етнички, расни и други групи. Може да се примени и на поединци, кои не фермаат кога некој ги чека со часови.

Антропологија на нашите лозинки

Лингвистичките шеми кои се појавуваат при анализата на голем број пасворди кажуваат нешто за нас како човечки вид. Тие го ритуализираат нашето секојдневно соочување со личните спомени и со нашите вредности. А зад нив често се кријат и убави, но и трауматични приказни. 

Најбрзиот пијанист на светот

Неговите композиции траат и по три часа, а ги свири на памет, со неверојатна брзина. Тврди и дека еднаш заспал на пијаното, но неговите прсти продолжиле да се движат. Откачен и по малку арогантен, тој е сепак млазен авион во светот на пијанистите.

Филмската филозофија на Мајк Николс

Кое е доминантното чувство кое создава тензија во одредена сцена? - ова било основното прашање од кое се раководел Оскаровецот со шестдецениска кариера при снимањето на неговите филмови, кои денес се сметаат за класици. Дури и да не сте чуле за „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ или за „Квака 22“, ликот и делото на г-ѓа Робинсон од „Дипломец“ ви е сигурно познат. 

Филозофијата на вербата во Дедо Мраз

Eрик Каплан, еден од луѓето кои стојат зад Футурама, Симпсонови и Big Bang Theory, има диплома по филозофија од Универзитетот Беркли. Неговата нова книга се вика „Дали постои Дедо Мраз?: филозофско истражување". Во неа низ хумор, но и интелектуално издржано, тој се обидува да ги објасни верувањата во врска со стариот бел дедо, кого наскоро ќе го очекуваме и во нашите домови.

Зборови за кои не знаевте дека ги измислиле писатели

Ако ви недостасува некој збор - измислете го. Од оваа максима се раководеле бројни писатели во историјата, и иако најчесто во овој контекст е спомнуван Шекспир, има и помалку славни автори кои нè задолжиле со термини кои ги употребуваме и во македонскиот.

Како да прикажеш филмска дилема

Кога главниот лик треба да направи избор кој може да има судбоносни последици по него, често во филмот има некој кој тоа го изговара гласно, за на сите да ни е јасно каква е работата. Но има и посуптилни, чисто визуелни начини да се долови ваквата недоумица.

Експериментални видео игри кои дозволуваат само еден потег дневно

Еден њујоршки дизајнер се обидува да ги преиспита постулатите врз кои почива технологијата - брзината и постојаната иновативност. Неговата верзија на познати видео игри се во форма на коцка, и на нив може да правите само еден потег дневно.

Опера на Ник Кејв по повод 100 години од Првата светска војна

Кејв и композиторот Николас Ленс во бриселската опера Ла Моне направија претстава посветена на траумите кои ги предизвикува војната воопшто. Истовремено, истапија против буџетските скратувања во областа на културата кои ги прави владата на Белгија.

„Непослушни предмети": изложба на протестни реквизити

Рачно направени гас маски, штитови во вид на корици од книги, мали дронови - сите овие се предмети поврзани со протестни движења низ светот. Изложбата на која се претставени слободно можела да се вика и „Предмети на непослушните“.

„Левијатан" (2014)

Има две работи кои можат да помогнат во толкувањето на овој филм: истоименото дело на Томас Хобс, библиската приказна за Јов и митолошката слика за Левијатанот. Но и без ништо од сето ова, трагичната приказна за беспомошноста на малиот човек пред корумпираното и аморално чудовиште од систем не може а да не ве допре.

Биографски речник на пропаднати писатели

„Кои се побогу овие луѓе?“ - си велите додека ги читате биографиите на оние кои останале запамтени по тоа што никој не ги знае. Ни криви, ни должни, тие го претставуваат неславниот список на неуспешните во писателскиот еснаф. А малку требало наместо Франц, славен да стане неговиот прв комшија, Ханс Кафка. 

Што се случува кога никој не лекторира академски текст

Знаеме дека ако e нешто објавено во таканаречено „пир ривјуд" академско списание, со најмалку два анонимни рецензенти кои знаат да бидат и сурови во нивните коментари, тоа сепак не значи дека е вистина. Ама може барем да биде прочитано пред да биде објавено, така?

Дизајнот како отелотворена метафора

Многу е просто - дали би купиле душек за спиење кој не асоцира на свежина, здравје и мекост и покрај тоа што можеби е направен по сите ортопедски стандарди? За пораката навистина да биде пренесена дизајнерот треба да чита малку когнитивна лингвистика. Како овој во видеото.