Лево или десно?

Како да прикажеш филмска дилема

Кога главниот лик треба да направи избор кој може да има судбоносни последици по него, често во филмот има некој кој тоа го изговара гласно, за на сите да ни е јасно каква е работата. Но има и посуптилни, чисто визуелни начини да се долови ваквата недоумица.

Тематските компилации на Тони Зу сме ги имале и претходно, како оваа за тишината како филмска категорија, или дигиталните преписки на филм. Оваа пак е посветена на невербалното прикажување на моментите кога главниот лик во филмот треба да направи некаков суштински избор, после кој му нема враќање.

Збирот од инсерти овој пат сепак е од само еден филм - „Сноупирсер". Тој, како што веќе пишувавме се одвива во воз, при што главниот лик кој го игра Крис Еванс полека напредува од задниот дел на композицијата кон локомотивата, така што стандардниот избор помеѓу лево и десно, тука може да се толкува и како назад-напред. Погледнете.

19 ноември 2014 - 17:10