Користејќи сцени од „Разјарениот бик", „Последното Христово искушение" и „Шатер ајленд" до „Волкот од Вол стрит", ова видео на Тони Зу (Tony Zhou) ги истражува помалку вреднуваните аспекти на режисерската работа на Скорсезе - неговата употреба на тишината. Таа ги нагласува „драмските раскрсници" и ја разоткрива внатрешната психологија на ликовите, а често настапува во најнеочекувани моменти. Но подобро да заќутиме, и да си видите самите.