Фјодор Михајлович Хенк

Што имаат заедничко Достоевски и Буковски?

Нивните имиња во иста реченица ни звучат како нешто помеѓу руско комично дуо што степува, до другарчиња што седат во иста клупа па често ги прозиваат еден по друг. Ама никако не би помислиле дека едниот му бил инспирација на вториов. Сè до сега.

„Злосторство и казна" наспроти „Шунка на р'ж", 19-вековна Русија наспроти 20-вековна Америка. Иако толку различни, овие два света се спојуваат во песна на Буковски, посветена на големиот руски писател, кој очигледно бил негова инспирација. Таа се однесува на времето кога Достоевски бил во затвор во Омск, Сибир, осуден на „осум години егзил со тешка работа, а потоа задолжително служење војска". Бил уапсен заради наводна конспирација, само затоа што читал „погрешни книги". Во затворот му била дозволена само Библијата. За среќа преживеал - но што ако не било така, прашува Бук.

Достоевски

спроти ѕидот, стрелачкиот вод е спремен.
тогаш тој доби помилување.
да речеме дека го стрелале Достоевски?
пред да го напише сето тоа?
веројатно немаше да прави разлика
барем не директно.
има милијарди луѓе кои
никогаш го немаат читано, ниту пак ќе го читаат.
но како млад знаев дека
тој ме водеше низ фабриките,
помеѓу курвите,
ме искачи високо во ноќта
и ме спушти на подобро место.
дури и во барот
пиејќи со другите алкоси,
бев среќен што го помилувале Дoстоевски,
затоа што тоа значеше помилување и за мене,
тоа ми овозможи в очи да ги гледам
киселите лица во мојот свет,
смртта како си го покажува прстот,
се држев цврсто,
безгрешен пијаница
кој ја дели смрдливата темница
со моите браќа.

28 ноември 2014 - 13:06