Има риба - нема риба

Хемингвеј раскажан во 15 секунди

Генерално сме против зипување на значајни книжевни дела во неколку реченици, бидејќи тоа создава лажен впечаток дека со тоа навистина се исцрпува нивната содржина. Но, ова ова се филмчиња кои функционираат како визуелни хаикуа од романите на Ерни.

Хемингвеј оставил дела кои и по повеќе од 70 години од нивното објавување делуваат свежо и напнато како и во времето кога се напишани. Сепак, тие се повеќе од приказни за дедо што се бори со голема риба или за Американци што учествувале во Шпанската граѓанска војна.

Фондацијата на Ернест Хемингвеј од неговиот роден Оук Парк, Илиноис, во соработка со агенцијата Ogilvy&Mather Chicago направиле серија од 15-секундни видеа на Инстаграм, кои не се ни обидуваат да ги деконструираат ваквите стереотипи (да, во видеото за „Старецот и морето" има старец, риба и море, а што друго?), туку напротив ги користат за врз нивна основа да создадат кратки и ефектни приказни кои ем ги популаризираат делата на Хемингвеј, ем си функционираат самите по себе. Погледнете ги овие три, за „Збогум на оружјето", „За кого бијат камбаните" и „Старецот и морето".

 

 

26 ноември 2014 - 13:27