Bookbox

Денес оваа фраза се користи во англискиот но и во други јазици кога зборуваме за очигледен проблем што сите го забележуваат, но никој не сака да го спомене. Малкумина, сепак, знаат дека нејзините корени водат кон филозофски расправи, руска приказна и книжевност од 19 век.

Ирскиот музичар, кантавтор и добитник на „Оскар“ Глен Хансард, кој трагично загина во сообраќајна несреќа на 56-годишна возраст, зад себе остави богато музичко наследство и репутација на еден од најискрените современи трубадури.

Со лоша музика против омразата: бучавата како форма на отпор

Наместо со извици и судири, група дански музичари решија на говорот на омраза да му се спротивстават со импровизиран – и намерно лош – џез. Најчесто свират на собири кадешто говори одржува десничарскиот политичар Расмус Палудан.

Букбокс друштвени игри: „Акрополис“ или како да изградите свој древен град

Јасно ни е дека рубрикава летово ни се „погрчи“ (блејм ит он Одисеја), но точеното пиво и пуканките во маалско борд гејм кафе со поглед на море си го прават своето и повлекуваат и тематски соодветна игра. И не дека таа е од грчки автори или има директна врска со реалниот Акропол, но контекстот е одлично искористен за развивање механизми на внимателно планирање, како тоа што го градите да ќе трае илјадници години.

Итака и Кефалонија (пак) се спукаа од каде е Одисеј

Новиот филм на Нолан повторно разгоре битка  – археолошка и историска – која трае со децении околу прашањето каде всушност се наоѓала легендарната Итака, татковината на херојот на Хомер.

Односот на Њујорк Тајмс кон американскиот сленг

Замислете колку би било цепки кога за секој употребен сленг на сајтов би ви нуделе и негов превод на литературен македонски. Епа токму тоа постојано го прави Њујорк Тајмс, и тоа во последниве 150 години.

2,600 години културна историја во 5 минути

Најнов производ во една област која доживува подем - визуелизација на комплексни бази податоци. Во случајов се работи за мапирање на местата на раѓање и умирање на битни културни фигури кои, иако се работи за распон од повеќе од два милениума, како да следат една иста шема: кај и да се селат, не се оддалечуваат многу од дома.

Калемењето како уметност

Сам Ван Акен работи на нешто кое на прв поглед делува како проект од областа на генетскиот инженеринг: дрво кое во себе содржи 40 различни типови овошки. Сепак тој не е ниту земјоделски инженер, ниту генетичар, туку - уметник.

Луѓето кои доаѓаат на културни настани само за да ќарат нешто гага

Ги знаете кои се, можеби и по име. Доаѓаат на културни настани, јадат, пијат, си земаат нешто и за дома во ќесички, буквално се грабаат за што и да се дели (книги, маици) и никогаш не сте на чисто кои се всушност овие луѓе. Еден фотограф од Чешка решил да ги овековечи на фотографии. 

Обележувач на страници кој ве потсетува да читате

Таман сте почнале да читате, нешто ви го одвлекува вниманието, и следните неколку денови (месеци, години) книгата останува осамена и нечепната, чекајќи да се сетите на неа. Е нема веќе така!

Режисерско деби на Спрингстин

Брус, во соработка со Том Зимни, кој последниве 14 години прави спотови и документарци за Шефот, го обелодени својот режисерски првенец - краток филм за една од песните на неговиот последен албум.

Книга со твитови на луѓе кои пишуваат книга

Нова книга под наслов „Работејќи на мојот роман" од Кори Аркejнџл е всушност компилација на твитови испраќани на @WrknOnMyNovel од луѓе кои се во тек на создавање на нивните книжевни дела.

Нова реклама на Линч за лак за нокти

Kултната серија Твин Пикс, која ги одбележа 1990-тите, неодамна наполни 25 години. Се изнапишаа куп анализи и ретроспективни есеи за откачениот стил на Линч, кој доследно си се држи до него. Дури и во најновата реклама за - лак за нокти.

После автокорегирање нема каење

Исто како и во случајот со огнот, ЛСД-то и црешовото топче, има такви пронајдоци кои се истовремено многу корисни за човештвото, но знаат и да „спржат“ ако невнимателно се ракува со нив. Опцијата за автокорекција на текст со години се усовршува за да не прави големи штети, па сепак дури и нејзините пронаоѓачи не одолеваат понекогаш да ја искористат за мајтап. 

Исповед на писател во сенка

Има напишано 80 книги и продадено 10 милиони примероци во текот на неговата 40-годишна кариера. А сепак никој не го знае под неговото вистинско име. Сè до сега.

Уметност од пораки на бездомници

Еден американски уметник, заради сопственото чувство на нелагодност и вина, почнува да ги откупува оние пишувани пораки со кои бездомниците и сиромашните се обраќаат на случајните минувачи. Собрани на куп, тие раскажуваат различни приказни, а некои од нив се обидуваат да бидат и хумористични. 

Чак Лор и пораките на крајот од епизодите од неговите серии

Има веројатно такви меѓу вас кои се сметаат за големи фанови на Two and a Half Men или на Big Bang Theory. Ајде да видиме - знаете ли дека по крајот на секоја епизода има порака, која за да ја прочитате морате да го паузирате видеото?

Кога филозофите се хејтаат меѓу себе

Oд Аристотел до Жижек, историјата на филозофијата е полна со примери на караници помеѓу оние кои ги славиме како мудри. Само што нивните хејтања се со малку повеќе стил, освен кога се стварно изнервирани.

Како да промовираш речник

Има ли нешто подосадно за рекламирање од речник? Врти-сучи, што и да смислиш пак мора да биде нешто што ќе ги убеди купувачите дека си академски настроен и сериозен. Или?

Ракија од инсталација на Бојс

Тројца уметници од Дизелдорф, кои варат ракија од уметнички побуди, решиле да направат една и од славно дело на Џозеф Бојс. Проблем - од него има останато само мал дел, бидејќи пред триесетина години една чистачка не сфатила дека се работи за уметност, и му го удрила џогерот. 

Читокупови или книгоридови

Знаете она, кога купувате, позајмувате или ви подаруваат книги, а вие само си ги редите на купче, убедени дека некогаш ќе ги прочитате? Епа Јапонците имаат збор за овој феномен. 

Што е поважно - вашата работна биографија или некрологот?

Сè почна од еден твит: „Жал ми е што нема да го слушнам мојот посмртен говор. Тоа ќе биде сè што сум требала да бидам.“ Следеше линк до говор на ТЕД, кој зборува за јазот помеѓу два аспекта на нашите личности - онаа која живее за добро си-ви, и онаа која живее за добар некролог. Што би одбрале вие?

Безобразна руска азбука од 1931

Познат скулптор, кој на времето изработувал споменици на Сталин, сакал да се релаксира и со малку понакви теми. Еротската азбука која ја исцртал не е за деца, но кај повозрасните може да ја поттикне заборавената страст за читање, па макар и со прст, со подзастанување на секоја буква.

Koга Маркес го виде Куросава

Симпатично е кога некој славен се потресува кога ќе сретне некој друг славен. Токму тоа се случило кога Маркес во Токио му направил интервју на Куросава, што прераснало во шестчасовен муабет. 

Нов фотографски жанр: егзобиотаника

Фотографирањето на икебани, букети и дрвја на земјата веќе станува банално. Сега му е мајката да качиш растенија во вселената, и таму да ги фотографираш. Ништо чудно во следна фаза вака да се прават матурски таблоа, со луѓе. 

Што правиш „зедниот“ викенд?

И во македонскиот „следниот" викенд понекогаш создава забуни - дали се мисли на овој или на оној по него. Но за разлика од нас кои се навикнуваме да живееме со нефункционални нешта, потчинувајќи им се наместо да ги менуваме, некој се сетил дека ако не постои збор за нешто, не е забрането да се измисли. И тоа и го сторил.

Во потрага по универзален ракопис

Производителот на славното пенкало (она проѕирното, со капаче) се обидува преку неговиот сајт да собере доволно ракописи за да создаде „универзален“ фонт. Секако, сè што се прогласува за универзално а е поврзано со културата, во себе содржи можни стапици. Но во случајов пораката може да биде баш корисна.

„Монти Пајтон (главно) во живо" (02 Арена, Лондон, 20. јули 2014)

„Кој ќе речеше пред 45 години дека денес ќе седиме тука и ќе настапуваме како Монти Пајтон" - вака Ерик Ајдл го отвори шоуто, кое беше десети настап на пајтоновци во арената О2 во Лондон ова лето, и (наводно) финален за вјек и вјеков.

„Девојчето и цигарата“ од Б. Дитертр

Романов сигурно ќе ви се допадне ако: сте пушач, НЕ сакате деца, и ги сметате реалните шоуа од типот на Големиот брат или Икс-фактор за дно на цивилизациското дно. Писателот со комплицирано презиме така ја доловува современата атмосфера на апсурдна репресија, што го замисливме Кафка како ја крева раката и му вели: „Да пукне!".