Уметниците Кристофер и Марк Баудер се автори на големата светлосна инсталација составена од 8,000 балони, поставена на 7. ноември, како симулација на некогашното протегање на Берлинскиот ѕид. Вчера, 9. ноември, на завршниот настан по повод одбележувањето на годишнината од неговото укинување во главниот град на Германија, исто толку луѓе-спонзори на балоните еден по еден почнаа да ги пуштаат во воздух, на тој начин формирајќи човечки синџир. Секој од нив на балоните закачи картичка со порака, а веднаш после испуштањето на првиот балон се слушнаа звуците на Бетовеновата „Ода на радоста", со кој заврши големиот концерт кој траеше неколку часа.
Оние кои го следеа настанот во живо (одеше на Дојче Веле) беа сведоци на одличната синхронизираност на сите овие настани. Еве кратко видео посветено на проектот:
А тука настапот на Питер Габриел, со Heroes на Боуви: