Уметникот и програмер Алисон Бартч креаирала ново апаратче кое треба да нè куртули од мобилните и од самите себеси. Формата му е 25 сантима долга цепаница од бреза која им дава отпор на радио сигналите. Се вика Log Jammer, а се состои од хардвер вреден 200 долари кој вклучува извор на струја, плоча со сопствен дизајн, компоненти за регулирање на волтажата, засилувач и антена. Тој може да произведува радио врева на истата 1950 мегахерцна фреквенција која вообичеано се користи од мобилните, што значи дека е доволно е моќен за да ги блокира сите комуникации во радиус од 6 метри.
„Ако целосното исклучување од општеството не е можно за повеќето луѓе, тогаш сакам да создадам технологија која заштитува од експлоататорска технологија", вели авторката, веројатно раководена од мотото „технологија со технологија се избива".
Сепак, ова е повеќе некаков „стејтмен", отколку вистинско решение за проблемот со пренавасаноста со интернет и мобилни. Плус, во САД е практично забрането да се запира мобилен сигнал, и тоа според Федералната комисија за комуникации. А од друга страна, не е забрането да се маскираат цели телекомуникациски кули во форма на дрвја. Барч го парафразира францускиот филозоф Жил Делез: „Проблемот веќе не е да ги тераш луѓето да се изразат. Туку да создадеш неопходен јаз на осаменост, во кој тие би можеле да најдат нешто релевантно да кажат".
Накратко - цепаница за секој граѓанин на Македонија.