Во чест на сите оние заслужни за образованието на човештвото од неговите почетоци до денес, NPR почна серија „50 големи учители", која ќе трае цела година. Прв во низата - супер ѕвездата помеѓу професорите, осуден на смрт пред повеќе од 2,400 години заради „корумпирање на младината".
Она по што тој сепак останал запамтен и по толку време се неговите идеи, кои помогнале во формирањето на западната филозофија и научниот метод онакви какви што ги знаеме денес. Сократовиот метод на „маеутика" или буквално „пораѓање" подразбира дека наставникот не треба да биде ултимативниот авторитет кој го „всадува" знаењето, туку само помага во тоа ученикот самиот да дојде до сопствени одговори на поставените прашања.
Тој денес се користи во бројни образовни институции низ светот. Еве што знаат за него ученици од основно школо во Калифорнија. Некои од одговорите се неверојатно срочени за некој кој е седмо одделение. Пробавме да замислиме како би изгледала ваква анкета на некој од нашите факултети...