Дин Вест, австралиски фотограф, сакал да направи некаков проект со Лего коцки. Но имал проблем - никогаш немал играно со вакви играчки како мал. Истражувајќи на оваа тема го открил Нејтан Саваја, уметник од Њујорк, кој е познат по правењето огромни скулптури токму од нив. Заедно тие станале автори на проектот „Во делови".
Проектот е инспириран од делата на Едвард Хопер, американски реалистички сликар од почетокот на дваесетиот век познат по неговите урбани мотиви, и естетиката на американските разгледници. Авторите пропатувале низ американскиот запад, и користејќи ги скулпторските вештини на едниот и фотографската техника на другиот, создале „високо стилизирана репрезентација на современиот живот.". Според Вест, правењето нешто со лего коцки е слично со работењето со фотографии пиксел по пиксел.
Дуото напавило седум фотографии, на кои она што изгледа како пиксел е всушност лего коцка. Обидете се да ги најдете предметите на фотографиите кои се изработени од коцки. Ако не успеете, одговорите се тука.
\